Во Локо Кроко гледав џиџе шарени ,ама погоре прочитав дека веќе ги немаат ако добро ве прочитав низ разговорот.
https://www.facebook.com/433696006774558/posts/1301844979959652/ За овие мислев, ама ете си проверила . Гледав и на Tigex во euroalba бебе центар Ама со големини се за до 12-18месеци мислам и само оваа боја . Други не знам .
Ама овие не се такви ко што бара. Едните се за широк повој, а другите за пливање. @Sparkles27 нек ти купи другарла ти. Што другарка е
ние ги користиме и двата вида: еколошки пелени за една употреба, во Германија (и во ЕУ општо) најдобри се Naty, во МК само во СК има од ДМ еко Baby Love, ама еве и на нас не ни се погодија, може беше бројчето ќе пробам и поголеми ама им излегуваа зрнцата и ми се нафрла бебето. еве ги во овој случај се мисли на еколошки што се со природни материјали, дека убаво дише кожата, нема парфеми хлор гелови и се тоа.. тие Naty дури и се разградуваат итн е сега другите еколошки се за повеќекратна употреба, еко се зошто не се загадува средината (има податоци колку тона пелени се фрлаат итн), во Германија Англија се популарни исто зошто голем дел се произведуваат во ЕУ, и дури и да се делумно од полиестер (PUL), тој е специјален што кожата дише.. од нив има многу системи може да побараш cloth diapers, најлесен пример е од долу тетра (од памук не белен и хлориран), а врз неа вакви од PUL што ги има кај нас како за широк повој што ги користат и без пластика да биде горе се ставаат едни волнени гаќички место овие шарениве, а може и место тетра да се стават едни други како влошки, овие гаќичките имаат како џебови, а има и други системи AIO AllinOne итн.. со памук, бамбус.. и се тоа се пери суши и пак става. Ние во Германија такви користиме од овие еднократните многу ретко. Ама во МК што има од ова ништо не знам. Можеш да си купиш тетри и од овие за широк повој, и да пробаш. еве пример како се ставаат: (тоа пластичното со три краеви за помало бебе не е потребно) а еве ги во Германија кај ги има пример https://www.windelwissen.de/stoffwi...wachsende-hybrid-stoffwindel-milovia-milovia/
Вакви се и нејзините со принтови многу џиџани ама не се за широк повој туку баш како овие изгледаат од локо кроко ама различни.Како и да е фалаа @kukla21 уфф баш би сакала ама скапички се за наши стандардиАма ќе прати една барем @KidA ее такви cloth diapers ги викаат во англија ептен се популарни меѓу мајките а и мноогу поевтини за разлика од еднократните.Кај нас нема сеуште таква култура тука или може има ама немаме од каде да купуваме,има на две три места ама што ако ги купам не знам да ги користам на пр. Како и да е фала ти
Ете не ги загледав тие на Тигекс дека се за пливање Ама тие од Локо Кроко се со иста намена како првите што ги прикачив на претходната страна . Еве Кида тоа убаво го објаснила . Првите се од бамбус еколошки , а овие широк повој со полиестер и внатре тетра ти треба.
точно. место тетра може и тие едни од претходната страна еднобојните со копчиња, ние такви имаме за навечер, само подолго се сушат отколку тетрата. а од горе мислам тие од локо кроко за широк повој може да се користат, тоа што кај нас се само за широк повој е друго, оригинално мислам се за ваква намена
Пријателкава баш тоа ја прашував зошто и ја баш викам абе перење пеглање и ми кажа дека не се пеглаат се сушат мн брзо и имаат едноставен начин на перење не е ништо комплицирано. Пере она на секои три дена по една машина што и не е воопшто многу. Јас пре би да перам него пластики да ставам на бебче не сум за модерниве еднократни пелени.
Тие ги смислиле за да ни се олесни работата (за вакви ко мене). Јас другиве работи не постигнувам да ги завршам, не па уште оваа обврска ми фали Браво кој смисли пелени за еднократна употреба. Тие се за вакви ко мене Мајка ми стално ја прашувам! Како успеваше жити се и тетри да переш, да прушаш, да пеглаш! Алал да им е на мајкиве наши!
Абе ние сме размазени затоа секад одбираме полесен пат без да размислиме колку загадуваме за нас и идните генерации со тие пелени. Јас кога читав факти и статистики се исплашив од тоа што го прочитав. Значи пелените не се биоразградливи 500 год им треба да се разградат и се трет најголем загадувач на околината. Има доста информации ама мене лично оваа ме запрепасти. Така да и ја и викам на мајка ми алал да ви е и фала ти што си ми ставала природни материјали како бебе и не си ја загадувала околината хахаха ама како иде време се ние младиве сакаме побрзи работи а тоа кошта многу. Ама добро секој со свое мислење, кај нас затоа сме најзагаден град и држава немаме ние свесност за вакви работи. Вајда ќе се оправиме некад.
точно, и јас не ги пеглам а перење и спружирање не е е сепак толку време досега не ми беше ич проблем, така само изгледа комплицирано. А да имаш па и сушач за алишта ептен нема да се осети. А предностите се многу: загадувањето, кожата на бебето, парите, тие деца обично и порано се одучуваат од пелени.. Исто интересно во Германија многу од мајките што користат вакви пелени скрос од мали успеваат да научат бебињата кога им се мочка/кака и скрос скоро да избегнат било какви пелени ама тоа до 6 месеци треба да се фати редот, касно почнав да се интересирам за следното дај Боже и тоа ќе пробам инаку иако има многу предности, пак е важно пред се посебно на почеток блискоста на мајката со бебето, да се заедно што е можно повеќе гушкање цицање по потреба и се тоа, и колку е бебето захтевно, првите недели и јас не перев диплев пелени, прво користевме од еднократните, а после па и имав помош за перењето. а сега кога заспива бебето во 8 и имам време до 12 не е проблем да го сработам и тоа.. а нас пример што ни пеглале се и пелени и алишта до не знам колку и општо колку работеле нашите мајки, и колку немале помош од мажите, не викам алал туку штета, подобро тоа време да го искористеле за дружење и играње со бебушите
Реално нема култура и услови во државата за селекција на отпад и рециклирање , камо ли пак со пелениве. Еве Спаркл изрази желба за еко пелени изборот и се сведе на едни единствени. Стандардот не ни дозволува еднократна инвестиција за истово , 1 пелена е околу 10-15е а сигурно би требало да се купат околу 15-20 парчиња а олеснителна околност е и машина за сушење . Па сега видете кој може наеднаш да плати за истово со просечна плата од 200е .
@Sparkles27 и темпото на живот тогаш и сега воопшто не исто. Работно време, обврски, зврцкање по тел и слично. Не се ни работи за свест, туку едноставно толку имало тогаш. Моево бебе е доста активно. Јас не стасувам да испеглам, не па и со пелени да се маткам. Ќе треба се да се пере на време оти ќе снема и после?! Секако е подобра опција тоа Ама ете, јас не ни можам да замислам тоа да го правам
А зошто потежок пат ако има полесен? Да занемарам дете за да перам пелени. Нон сенс. Ало за пелени е муабетов.
Ги користев сега не. Го стегаат кај бутчињата и најголемиот број. А многу се убави. Пробавме од кан бебе катастрофа се,уште потесни а материјалот како картон.
Јас бејби лав за проба зедов. Бркаат работа кога бебе не сака да облече пелена. Ние се бориме со дунде секое облекување.