Ај вака зумирај и види си. Тенки се да, меки што е најважно. Ниту една пелена ми нема пропуштено ако земеме факт дека насабајле е преполна и не пропушта. Плус мојот ги тегни од себе. За разлика од едни пелени овде поскапи маж што ги купи оти тогаш не бевме у лидл ем поскапи ем крути ем на грбчето што стругаат се исфрла ем пропуштаа. Јас од овие сум задоволна веќе 4 месеци, цената им е солидна за квалитетот и ги препорачувам. Плус марамиците исто ги користам од истата фирма сензитив 1 и 70 џамбо имам внатре марамици. Овие одат пакет од 50 пелени за 8 евра редовна цена АМА секој месец или пакетот од 50 пелени е на промоција за 7 евра или 6 евра или еднаш у месец донасаат џамбо за 14 евра со 2 пакети од 50 - 100 пелени. Си земам пакети и си терам до следна промоција. За разлика од кам бебе во мк кога бев ем поскапи ем помалку пелени.
А кај нас што нема Лидл? Те молам направи споредба со Памперс премиум......кои се подобри според твоето искуство? Се ми се чини по цена се слични.
Не мирисаат и тенки се, погоре баш пишував за нив, криво ми е што не зедов повеќе пакувања, ептен евтини беа во бугарскиот лидл. Дефинитивно најубави од сите што сме ги користеле. Да. Ги има и во Стокомак, 450 денари.
Памперс премиум кај нас овде е на попуст 25 евра 100 пелени. Ама на попуст. Е овие се 11 евра поефтини со нивниот попуст иначе редовна цена сигурно се дупло па и поскапи во мк не сум зимала памперс да така не и ја знам цената. Зимав у англија ама таму пелените беа едно големо џабе, јас од литл енџлс фирмата у азда земав 80 пелени за 6 евра. Топ беа пелените А овие дупло коштаат па си се помирив со судбината на крај. Инаку има куп луѓе што праат бизнис англија македонија со овие пелени посебно у бугарија. Пелените се супер еве некој погоре кажал. Не пропуштаат тоа ви го гарантирам. Мојот насабајле е фул со пеленената ама пелената не е пропуштена Не мирисаат точно или имаат нркој блед мирис а се тенкички и меки. Во бугарија и грција не знам која и е цената тука редовната е 7 99 50 пелени еднаш во месец се 6 99 или 5 99 на попуст Сега ги има во џамбо кутија моментално овде за 13 99 100 пелени. Ова зборам за 4 ка. 3 јка 2јка 1 се повеќе пелени Нагоре 5 тка се помалку околу 90 мислам. Нема разлика со премиум освен лентата што е за покажување за мочкање и мирисот мислам дека памперс мириса не се сеќавам уствари бејби драјв мирисаше оние сензитив мислам дека не мирисаат. Мене се ми исти.
Толку се и тука. Ама секогаш се намалени т.е еднаш у месец и стојат така една недела две Јас во 4 месеци само еднаш имам земено за 8 евра. Секогаш биле или 7 или 6. Можете да видете на нет пред да одете. Ако се по 6 евра да си земете повеќе за залиха. Јас еден пакет околу месец го терам.
Фала ти многу за одговорот. Разликата во цена е голема. Не знам колку е паметно да се прават залихи со пелени (бидејќи бебето расте), пр. со едно одење во Бугарија или Грција да се земат неколку пакетчиња. Ние сме ептен на почеток и не ми значи многу 100/200 ден поевтини или поскапи. Но, верувам дека понатаму, како ќе растеме, ќе треба и на тоа да се мисли.
И ти си во право. Јас споделив какви пелени користам односно сум задоволна и сакав да споделам оти знам дека куп жени од овде одат често во лидл или има куп жени што се надвор од државава. Мало ти е бебенцето. Мојот е поголем и веќе 4 ка корости 5 6 месеци уназад ако не и повише Под залихи мислев на пример 2 кутии од по 4 пакети не мислев на приколка пелени Инаку верувам дека и во мк има добри пелени. Онир кои што не пазарат од страна нормално дека ќе си земаат од таму. Да бев и јас таму како што бев 3 месеци ќе си купував кам. Споделувањето ми беше за жени кои често пазарат а ги има многу. Има квалитетни пелени и во мк. Плус стави и пат. Не се ефтини оти јас во англија ги купував многу поефтино. Поентата ми беше само дека тие ги користам и сум задоволна ништо повеќе.
Морам да ги пофалам новите Дајперс: Потенки се, не мириса пелената, не мириса на мочки и потенки се од старите. Во Зегин 449 ден. Бр.5/ 44 пелени.
И јас ќе ги пофалев. Ми изгледаа и мене дека се сменети, некогаш пред година може ги пробав ама не беа ок, сега пак купив топ се, цврста убава пелена, и со голема количина мочка држи и не се распаѓа како пуфис или некои други што ми се. Последно беа во веро на добра акција ама заврши, идам од зегин да си купам
Јас и од старите бев задоволна во смисла што не пропуштаа долго ги користев, единствено многу мирисаа на мочка за разлика од новиве. Некогаш спие со нас и на сабајле не се осеќа јак мирис како со некој други пелени, пример Слипи кој на сабајле корнеа. Новите Дајперс и Пуфис не ми мирисаат ни пелените ни на мочка.
Прв пат купувам бекутан. Ме интересира дали моментално се на акција (4ка 90 пелени се 630 ден во зегин) дали оваа цена е на акција или секогаш биле толку?
Кога да преминам на поголем број? Сеуште сме на памперс 1,но последните два дена е утоп мокра, дури и бодито и е мокро од мочки. А менувам на 2-3часа. Овие се до 5кг а,а бебе сигурно е околу 4 веќе, да менувам?