Да ги фалам пелените на lupilu Ептен се фини, повеќе ме бендисуваат од Пуфис. Тенки, меки, не шушкаат, не мирисаат, не пропуштаат Имаат некој попуст во Лидл, ама скрос заборавив и колку се и колку е попустот
Товари колата за назад И јас ги имам пробано за малата, предобри се ем тенки ем не пропуштаат. Ама тоа што го имав го потрошив сега до следно одење
Мн мал.Евро или пола евро и пол. Баш ми е криво што не си земав залихи , ќе нарачам по некој. И јас ги пофалив, подобри ми се и од пуфис и памперс. Таква тенка пелена немам сретнато. Ама утрово пропуштија Мн малку де. Малце му се големки може затоа Ќе видиме понатаму. Немаат мирис инаку, тоа ептен ме бендиса
Да купувам и јас од пелениве значи. Требаше порано да ве прочитам, да купам за проба, па ако треба да товарам кола. Сега вака ќе купам само за проба за дома
Ние место немавме Да земев уште едни пелени маж ми ќе ме одтавеше таму Туле, кола се препуно , а морав место и за космос да оставам
4ка видов си купила. Мали да не му се, не големи?? Мојов 5ка носи, супер му се, после идеме да се товариме, ќе не збере нас, Космос не е во план овој пат
Космос нас не ни е во план. Уствари ни беше во план, ама утре не работи, па ќе заштедиме некој денар. Ама пелени ќе купам за проба.
Да ги пофалам новиве Дајперс, ептен ме бендисуваат од кога Пуфис почнаа да пропуштаат. Цела ноќ пелена пуна газе суво. И одлична цена имаат
И јас дојдов да ги пофалам новите Дајперс. Многу се добри. Од раѓање имаме проблем со пелени. Што немам пробано,се пропушташе. Последно подолго време користевме Пуфис .Скептик бев за Дајпер ама маж ми ги зема и се изненадив. Навечер последно менувам во 10 и до сабајле до 7 не е пропуштено . Одлични
Конечно да купам Виолета Искрено не гледам разлика помеѓу нив и Пуфис, освен што Пуфис се џиџани, ама па овие се поевтини, моментално во Рамстор се 560ден + 120ден поени, па ќе дојде 440ден за 52пелени, мислам толку парчиња да беа. Топ
Супер што ти се погодени, но не мислиш дека малку е нехигиенски толку време со една пелена да го држиш детето? Најкасно на секои 3 саати се менуваат пелени...
Кај мене стои од кај 19:30-20часот па се до наутро 6:30-7. Навечер пелена не менувам, освен ако има каки. И да се додека му е суво газето ,иако пелената мокра, значи е хигиенски.
па можеби бебето е поголемо и си спие, и јас ноќе не менувам пелена, спие од 8 до кај 6 - цица многу малку и пелената нема потреба да се менува само ќе го расонам бебето за џабе. немаме проблеми со газето суво си е на сабајле