Мамички денес во Зегин мн ми ги пофалија пелените од Слипи дека мн им биле задоволни купувачите, ми понудија за новороденче бр.1 за 157 ден. мало паковање од 35 пелени демек за пробно на новороденче за ако се мали одма да се премине на бр.2 Цената мн ниска ми се виде, ве молам за искустав што мислите добри се тие пелени за почеток, а иначе решена бев да земам кан бебе од веро паковавање бр.1 со 70 пелени.
Ги имам пробано и двете, Слипи поубави ми се видоа, понежни и помеки. Канбебе ич не ми се допаѓаа, бебе спурено туле имаше од нив.
Фала мила за споделеното искуство, на почеток сите имаме еден куп недоумици па добро е вака кога некој ќе сподели искуство. Ке и купам на бебушката мало паковање од Слипи таман за на болница и ако се добри ќе прикупиме дали бр.1 или бр.2 зависи како ќе е со големината.
И јас за малата моја имав земено Sleepy 1 за во болница и одма после то си преминавме на 2 Само пофални зборови, меки, немаат некој јак мирис и воопшто не пропуштаат. Добар избор си направила Со лесно нека ти е
Во рамстор Добив поклон бекутан пелени 4 ка за беба...пробав топ се покажаа...малце се крути надворешно ама супер издржаа
Искрено незнам за сестра ми прашував она ги користи до 4 ка сигурно знам дека има.Мене малиот единствено од овие ми се има исфрлено и од тогаш не сум ги ни пробала.
Јас денес земав од зегин Бекутан џамбо бокс 78 броја за 629 денари беа... се испчатат доста а и убави се.
Абе ние веќе не сме за пелени ама ај несакам да форсирам.Гледам дека е скроз неспремен.Си кака и си седи какан ма гајле си нема.Нели ќе ти засмета хаха Ама инатот е поголем изгледа Ќе биде до тогаш ќе си менувам на две бебиња памперси
Во стокомак има донесено нови германски пелени Бамбино. 48 за 299 ден. Ги земав да не останам со некои непробани не се воопшто лоши за парите. Не се многу тенки, ама не пропуштаат и не мирисаат.
Последниов месец памперсов за преку ноќ се очај. Во година дена користење дали 2 пати ми пропуштиле, а последниов месец преку 10 пати користиме 5ка и не знам дали да земам 6ка иако мислам дека не е до тоа... Како да е променета самата пелена...и преку ден најчесто брзо е полна...не знам што да земам за проба и дали...совет?
Мојов 4ка носи, претпоставувам таму има повеќе. Да ги пробаме и ние, да не ни останат и на нас некои непробани