Ние уште сме во потрага по пелена што нема да пропушти преку ноќ. Почнавме со бејби лов, пропуштаат навечер, памперс премиум пропуштаат и преку ден и преку ноќ плус црвено газе. Сега е на пуфис, ама исто пропуштаат преку ноќ. Немам идеа веќе што да пробаме, пошто е со нежна кожа. Останува уште памперс актив, дајперс и некои ваши предлози за мочки како моево бебе
Да се надоврзам за БамБино во Стокомак, одлични се, не мирисаат, не пропуштаат, едино што и ја не најдов 4 ка во маалскиов ама кај мојте имаше
Јас со големата ич не бев задоволна од памперс актив. Многу остануваше од гелот на газето, дури и ми се има распаднато пелена, онака цел гел на паркет шлапна. Се надевам дека се подобри сега. Утре купувам прво од нив, видов дека има нови. Ми се смачи од менување и перење навлаки и постелнини секој ден
Без гел се, меки, дебелина па тенки се но не претерано, според мене едни од најубавите пелени, да беа поевтини такви ќе користев цело време пошто голем е мојов па не ми се дава многу пари во пакувањето имаш и влажни марамици
Ууу супер ова со влажните, такви користиме, ако се оние 99% вода Па и да не се, другите за големата ги користиме Ќе се пробаат и Виолета
Кои пелени да ги земам за новороденче? Памперс премиум или имате подобар предлог? Ја читав темата но неможам да се одлучам..
Јас имав Премиум, некои зимаат и на Бејбилов, за други ич не знам дали има толку малечки. Битно гледај да имаат индикатор, тоа ќе ти треба за во старт, да знаеш дали мочка бебе. Обавесно купи само едно пакување, од тие толку и се троши 2-5кг ти е најмалото
Дајперс смрдат и на малце да е измочкано...јас сеа Бекутан и користам ми ги донесоа на поклон и задоволна сум мн ..ич не ми пропуштиле .малџе крути се надворешно ама топ ми се покажаа
ј Јас имам две вакви шишиња исто гратис од памперс бекутан пред година дена идеа гратис ама ужасно смрдат ако стои водата 1 час во него и во уста не се става.
Јас имам шишенце/чаша Нуби , не е купена од тука со две различно цуцли за менување. Сега гледам дека ја имам и таа форма кога се расчепкав. Мојот само од ова пие најмногу вода ама од обичната цуцка. Чико и Нук со клунче не сака да ги душне. Многу де пие , дури 30мл некогаш. Ама не сум имала проблем со умирисување. Баш ќе пробам да видам. За гратис толку даваат.
И ние имаме шишенце од зегин со памперсот само друга шара. @duffi исто чико со клунче нејќе да ја види , а ова за чудо прифати да пие , не тече што е битно и не се мокри . Не приметив да замириса водата . Ако имате воведено цитруси ставај му неколку капки лимон , така може ќе пие повеќе. Или 1 прст хип сокче другото вода допуни
Не знам мојте и двете имаат мирис на тршка плстика и водата ми се умирисува на нив имам исто сино со трактор и зелено со кола на Нуби.