Напротив. На памук подобро дише. Кога имаше дунде мое проблем со кожичето само тетра ја спасија. Да, се согласувам дека се напорни за перење и освен за "не дај боже" ситуација не знам дали би можела да ги користам, ама факт е дека се многу подобра опција за бебе.
На клиника во Италија на една пријателка на мајка ми, за девојчето и препорчаа строго користење на платнени пелени, девојчето мака мачеше со уринарниот тракт и инфекции. Откако почнаа да ги користат старите пелени, за еден месец и се среди се....
Па нека помагаат мајка ти и свекрва ти. За надвор би ти препорачала да користиш еднократни за да не му студи од мокрото, за дома ако имаш желба зошто да не. Јас лично не би.
Исто и моето дете доби осип страшен од памперс и на кожно ми рекоа дури не се смири само платнени пелени. За брзо му се смири , ама некое време ги користев . Мачно е стварно, посебно на зима кога не се сушат брзо.
https://www.facebook.com/56759922819/posts/10155535827447820/ eve nesto interesno sto mi iskoci na fb.
Јас сум задоволна од babylove aktiv plus пелени, не планирам да ги менувам од почеток сме со нив, 4+ користиме сега. Не ми пропуштиле и досега сме немале реакција со осип или црвенило. Јас сум повеќе за еднократните пелени
Јас барав вакви пелени и на крај конечно најдов случајно и веќе ги има и кај нас.Наскоро ми кажаа ќе пуштат и веб страна каде сите детални информации за користење како и купување ќе ги има.Фирмата е во Скопје јас директно од таму бев и си купив.Се заљубив во принтовите и едноставноста на пелените.Не се пеглаат не се комплицирани и ми се лесни за употреба плус наместо во корпа за отпадоци ги фрлаш во корпа за перење и ги перам со марамчиња(бидејќи не користам влажни никако)лигавчиња чорапчиња и сл. Плус се најдобри пелени за бебенцата им диши кожичката и не доаѓа до осип и инфекции... Еве еден од многуте принтови
Пробав Дајперс, првото пакување ми се погоди, второто не. Синко е помочан до уши навечер. Од сите 5-ки кои ги користевме досега само овие убаво му лежеа, поголеми се. Дали може некој да сподели за Бекутан 5 во споредба со Памперс, Бејби Лов или еве Дајперс дали ви се чинат за нијанса поголемки (подолги, пошироки)?. Сакам да земам мало пакување за да ги пробам.
Од овие наведениве само со Памперс немам искуство, ама од сите други БејбиЛав се најкомотни. Моево носи петка, пробавме Бекутан и Дајперс, не се толку комотни, го стегаат за разлика од БејбиЛав. Дека не можев да најдам џамбо пакување петка од БејбиЛав, пробав и Бекутан и Дајперс, ама не му одговараат. Начекав џамбо пакети од петка, купив два, сега до јануари раат сум, после ќе видиме.
Фала ви дечки. Мали му се Бејби Лов, а совршени беа. Не ми се скока на 6ка, уште нема тежина за нив, плус ако му се па преголеми секако ќе му протекува пак.
Има 5+ од БејбиЛав. И тие се супер, јас сум земала понекогаш за навечер, на моево знае 5 да му пропушти ако пиел многу вода пред спиење. Ама нема џамбо пакувања, за жал. Иначе, со дефицитов на петкиве реков време е за одвикнување. Ама се плаши од шолјата, а на нокшир никако не сака да седи.
Со Памперс бевме уште од почеток, сега сме на 5 а новото пакување се катастрофа. Нема пелена што не пропуштила. Ми ги фалат Пуфис. Искуства?
Па можам да пробам со 5+, фала на предлогот. Уште е мал мојот за одвикнување, плус иде у градинка па ќе го одвикнувам паралелно таму кога ќе почнат на нокширче.
И јас ќе ги мењам памперс. Мирисаат чудно. Не ми пропуштиле ама ми смрдат. Се мислам Sleepy да ги пробам имаат мали паковања. Или Baby Love гледам никој не се пожалил од нив. Бројчињата кај сите се исти? Ако сме користеле 3ка памперс и од другиве идат исто? Бебе е околу 7.5 кила и има дебели ноџиња, па се мислам...
Јас сум задоволна од новите Памперс актив, а да почнав да користам други едно време ради смрдење, но овие се топ.. @TeddyGrey подебели се Слипи, но ОК беа, башка имаат убава цена. Јас и од Пуфис сум засоволна, тенки се, Ловот не сум ги пробала..