Кога одиме во Ремедика на контроли му ставаат canbebe, мене лично не ми се гледаат ок, материјалот ми личи лош ама не сум ги користела подолго па да кажам повеќе. Памперс новите не мирисаат
Девојки едно прашање, до колку месеци користевте 2ка памперс ? Земав едно пакување 2ка 3-6кг и едно од новите исто 2ка ама тие се од 4-8 кг па затоа прашувам или да ги сменам едните за 3ка И дали сте ги користеле на слипи влажните марамици со 99% вода и колку сте задоволни ?
Марамиците се супер, мислам пола Фемина ги користи. А за пелените ќе приметиш ако го стегаат смени на 3.
Месец дена како почнав 5 да користам, од 4+ веќе имаше траги на бутчињата, е сега последниве неколку вечери му пропушта ноќе пелената, ноќеска бодито нагоре му беше мокро надоле не. Дење не ни пропуштила, ама ноќе во 8 ставам пелена во 12 е мокар, а пелената не е нешто преполна. Дали може да ја изместува во спиење зошто многу се врти или голема му е? После тоа помирно спие и не се случило да му пропушти. Инаку бејби лав користам скоро од почеток и генерално сум супер задоволна затоа не сум сменила.
Сакам да ги прашам тие што подолго време користите Пуфис, дали старите т.е. тие во потемно пакување се со гел? Ми се случи неколку пати да видам некој топчиња бели на газето и сега се мислам да ги фрлам... И каде се најевтини? Јас досега од рамстор земав,ама веќе на двапати кога барав ги немаше.
Користиме памперс од, раѓање нит осип нит ништо. ВЧера земав од зегин ново плаво пакување памперс еве ја денеска кај газето внатре и почнува да се шири нанадвор црвено ептен. Можно ли е да е од пелената,нели се исти само амбалажата е променета од зелено во плаво? Што да ставам да се смири црвенилото?
Пробај со крема што содржи цинк оксид за црвенилото. И ние сме на пампер сега за сега супер ни се и од новите сум многу задоволна
Камо да беше само амбалажата.Се е различно и составот и големините ,а за квлитет да не збориме.Значи два пати у сред ноќ е утоп.Едбиве се active baby dry,а новите само active.Со старите цела ноќ си беше сув ,а пие течности пред спиење.Срамота значи изгор скапи ,а не лажат дека се исти.Среќа едно пакување испазарив.
Ја место пелени, сум купила гаќички бејбилов по грешка. Ги користи некој? Не ги отворив, Се мислам да ги сменам. Којзнае дали би ми ги смениле. А толку мерак имав бејбилов да ги пробам.