Мене па новиве ми се подобри од старите, не ми пропуштиле ич, само ми имаат многу чуден мирис. Неубав.
Чувај ги за понатаму ако не ти ги сменат. Инаку, во врска со Бејби лов, вчера сменета пелена во 3 попладне, па мајка ми дојде да ја чува зашто морав да излезам, таа заборавила да ѝ ја смени пелената и ја легнала така Незнам како не приметила дека е полна. Ни јас не сум приметила бидејќи спиеше, туку маж ми ноќта кога ја покривал, веројатно после 12. Пелената била преполна но не протекла. Немам зборови колку ни се погодени овие пелени. Друго сѐ што било заборавено волку саати, протекло.
Уште пред да се породам земав канбебе 2ка, ги користиме скоро 1 месец но во последно време почнаа да му пропуштаат а и го стега на ножињата. Рано е уште за поголем број мислам, бебе е 5кг а тие се од 3 до 6. Кој друг би препорачале да земеме, доста задоволни има од виолета и babylove па сега не знам..
Веројатно треба да го смениш бројчето. Досеага само еднаш ми пропуштила пелена (Бекутан), бидејќи беше кнап, како што кажуваш и ти, ја стегаше на ножињата. Сменив со поголемо бројче и немаше проблем. Виолета се супер, ги користам 1-2 недели, преку ден, а Памперс премиум care, ноќе. Не пропуштиле ниту еднаш досега.
мене ми се супер. Упиваат и до сега не ми пропуштиле. На почетокот памперс користев и откако ми пропуштија, 5 месеци сум со кан бебе
Еве ти линкче овие ќе ти се допаднат,јас си ги користам веќе месец дена топ се ич време не одземаат а кожичето на бебчо мекичко ко свила https://www.facebook.com/ekopeleni.mk/
Да да тие се Ептен фенси ми се топло ти ги препорачувам.Јас денес заборавив да го пресоблечам бебчо 6 саати преку ден пелената апсорбирачот внатре утоп а внатре суво ни капка.
Мајки дали некоја користела памперс гаќи и како е задоволна? Невозможна мисија е за беба да и клам обичен памперс, препотвам. А уш малце ќе треба со сопругот да се чувет па да му олеснам во преслеквење.
Јас користам паралелно со обичниот Памперс . И пак е невозможна мисија соблекувањето и облекувањето. Може малку полесно е дека ќе го застанам на нозе и навлекувам. Ама кога се бунтува ништо живо не ми помага освен да пружам отпор, а се бунтува секогаш.
Јас ги користев,многу се убави и лесни за менување.Почесно треба менување,помалку собираат од обичен памперс.Кога ќе кака има раб од двете страни се кине и соблекува како обичен памперс. Има гаќички и на кан бебе ама катастрофа материјал.
Колку месеци ти е бебето? Од лично искуство мене ми беше 100 пати потешко ставање на гаќичките отколку обичната пелена. Пробавме неколку пати со мм, ама тешко беше. Може и дека имаше големи буткици, па потешко се ставаа
Уште малце 8 м...ама мн се вртит кога ја преслеквам на центрифуга е уклучена, дур сменам памперс живци кинам, а тек мм. Зато реков да пробам со гаќи да купам. Да му олеснам на мм
Може слика од старите и новите памперс? Од кога е роден ги купувам и се исти се. Па незнам дали се тие стари или нови. Доста тенки се и ми се супер. Не ми пропуштиле ама ги менувам на два часа