Јас никако не успевам да најдам. Си мислев дефицит се во местата каде зимам. А ете не ми текнало дека можда вооошто да нема
А што ќе ти е поголемо ќесе? Освен ако е прематурче.. Бебе 2.600 дома го донесов, едно пакување потрошив и преминав на поголеми, како квасец се првите недели, месеци
Не е прематурче,ама од болница излезе со 2.500кг,сега сме 12 дена,на 8 ден беше 2.850 ,а досега имаме потрошено 2 пакувања памперс.Сигурно ќе ги покористиме уште 10-15 дена,па затоа си мислев да купиме големо пакување,ама не најдовме па купивме 2 мали. Едно пакување ми трае 5-6 дена
Еве јас уште користам 1, второ големо пакување ми е а бебе е 4кг, 17 дена. @hello-kitty.90 побарај во зегин, последниот пакет што го купивме беше некои сто денари поевтин од тинекс. Не знам дали биле на некоја акција, стварно се изненадив за цената.
Моментално дајперс пентс. Бидејки пелените почнаа да пропуштаат бидејки е голем веќе за нив сменив на гаќичките и сум многу задоволна.
Секаде ли ги има како се со цена ? Јас пробав од памперс гакичките многу сум задоволна ама искрено скапички се .
Мамички дали некоја знае да ми каже отприлика цена на пуфис бр2 и бр3 на големо паковање и колку пеленки имат во паковање. Користевме до сега слипи бр.2 ама многу почнаја често да ни протекват па сакам да ги сменам со пуфис. Па тие што користат пуфис нека ми пренесат информација за цена и искуство
А зошто не земиш слипи 3 ако ти се убави. Ние веднаш преминавме на 3 и супер ми се. Не ми протекуваат воопшто.
Кога ќе ги начекаш на попуст се од 520 до 600ден, обично во ДМ или Тинекс, а внатре се 56(тројката). До сега сум најзадоволна од нив и од памперс.
Јас на 1 месец почнав со 3ка канбебе. Почна со 2ка да прокиснува, сега е месец и пол и 6200 беше пред 4 дена.
Како сте задоволени од Виолета пелените? Сакам да и ги сменам, досега само Памперс користев, ама многу лошо ми мирисаат овие новите, па се мислам дали да преминам на Виолета. Дали се тенки, дали пропуштаат и дали имаат мирис?