Пробавме и Виолета и Дајперс, двете се многу груби, книжни некако, сега пак памперс користам, најдобри се, исто и канбебе се убави.
Убави се Виолета. Тука некаде се по дебелина со памперс и бејбилове. Ама за цената ако сакаш да смениш бејбилове ти се за нијанса помеки и поубави. Денски не ми пропуштиле. Јас имам проблем со ноќите. Ама синко е многу голем мочко и ништо не додржува кај него.
Извинете што ќе ви се убацам у муабет а зошто за навечер не пробаш еко пелена?Јас ги користам и за навечер од 10.30 ја ставам до сабајле до 7,8 нема гајле
Не ми е за цената проблем воопшто, туку многу гадно почнаа да ми мирисаат памперсов. За бејбилав не сум во можност,немам ДМ во градот.. Фала девојки. Ќе земам мало пакување да ги пробаме деновиве.
Па уште такво нешто ми останува да пробам иако не сум сигурна дека ќе ме спаси зошто него не му птотекува од страна туку од горе кога ќе се преполни пелената претекува. Муабетот ми беше дека тука некаде се со цени. Само внимавај да не закачиш старо паковање. Пред скоро мислам дека ги менуваа и јас новите ги имам пробано. Старите не знам какви се.
Супер се, пробајте ги. За жал ќерка ми почна да се ифрла од нив па морав да ги сменам инаку многу се добри за цената. Инаку...4ка Памперс актив драј се помали од 4ка Бејбилов Фрлив џабе пари на цел пакет од памперсов, ластичињата кај нозете ептен ја стегаа, а и пократки се на грбчето. Сакав да прашам на која возраст почнаа вашите со 5ка број? Неможам да се сетам со поголемово дете како беше, но малава е веќе 10 кила и голема е како годиначе и не ретко и се разлива на грбот кога кака па се мислам дали е време за 5ка. Сега сме на 4+
малата кај мене 21м си е скоро 11кг е 5ка користиме ,беше околу 9м и сиг имаше 9кг кога почнавме со 5ка , директ преминавме од 4ка на 5ка , имаше мала луфта ама не пропуштиле и не и беа големи , а вие сте и 10кг оди земи си 5ка 4/4+ нема ни некоа разлика
Кај нас има разлика, 4ка беа кнап, сега со 4+ како да е подобро ама гледам дека понекогаш претекуваат гомцата
За преку ден Виолета ги користам многу ми се меки и ниеднаш не му пропуштиле а за навечер Памперс гаќичките нив не ги мењам ептен се погодени
@Kitten зависи и висината на бебе, конструкција за бројче, секако и бутки Бебе мое 5ка носи од 10м некаде, сега му се точни. 4+ сме кажале НЕ се поголеми, туку со поголема впивачка моќ и подебели се, сум купила на два пати, сум се уверила Инаку како купив Памперс гаќички на бебе раат видов! Не дека некои ми пропуштиле и не сум задоволна, мака имав со облакање Нејќе бре он да легле и крај, па сега он стои јас соблакам/облакам. Башка лесно се облакаат, нема многу местење, па дали си стегнал колку треба, дали не, и помалку му оставаат и ,,отисоци,,. Плус штедам и на влажни, порано бришев со влажни и идев да го мијам, ама сега смкнувам само памперсот у вц и мијам Ги препорачувам!
И јас памперс гаќи користам и раат ми е преслеквењето. Ептем ко центрифуга ми вртеше на секое преслеквење дур залепев обична пелена, препотвев. Топло препорачувам гаќи.
И јас бев на памперс се согласувам одвратно мирисаат, се префрлив на minies од рамстор и доста поефтини и бебе суво нити мириса нити пропушта