Мм често знае да каже, “покакана е,соблечи ја” а сум и сменила пелена пред пола саат, и кога ја соблекувам е само мочкана. Ептен гадно мирисаат. Свекрва ми вика не знам кога е какана кога не, чудно мирисаат. Старите Памперс не беа вакви. Ќе одам после по Виолета.
Виолета и дајперс се многу погруби, покнижни од памперс. Мене не ми се допаднаа ги пробав и двете, оставив по пола паковање и пак памперс купив.
Користел некој од пелените за пливање? Најдов само на Бејбилов и Памперс. Некој со искуство да ми каже какви се?
Уште не ги отворив имам од најголемото памперс и чекам да го потрошам до пола ми е,па после Виолетата
За во болница земав памперс после му го сменив на слипи и одлични беа па земав бекутан и ужасни се утоп се правеше. Земав пуфис и од нов сум многу задоволна но дур е ладно му ги вратив слипито дека подебелки се.
Дефинитивно им откажуваме љубов на Слипи,бебе мие секое сабајле мокро а и црвено. Е сега незнам кој да ги пробам. Искоситво со пакетите на Бејби лав и на Памперс? Незнам од кој памперс да земам гледам има различни.
Јас му ставам Памперс премиум уште од старт на малиот, досега не пропуштиле. Премиумот се малку поскапи од обичните, ама тие ми ги препорачаа за новороденче и еве уште тераме со нив. 50 пелени 523ден во Зегин. Колку пари се Виолета и колку пелени имаат? Само заради цената се мислам дали да ги менувам Памперсот.
Иста цена се и Виолета 10 денари разлика дали е Јас си користев Памперс а после земав три пакета на Виолета ради слончето да го земам Добри се и тие и тие не пропуштаат. Кога би гласала би гласала за Памперс само ради тоа што виолета ми се некако како хартиени и потврди Како и да е ја сум задоволна и од двете ама кога ќе ги потрошам трите пакета ќе се вратам на Памперс
Ние користевме памперс премиум,убави беа,неколку вечери ми имаа пропуштено, дали беа преполнети или онака пропуштаа не знам. Како и да е, задоволна бев од нив. Сега користиме Минис од Рамстор и сум задоволна. Не мирисаат,доста впиваат,досега никогаш не пропуштиле,а и не се крути. А секако,не се скапи. Штом му одговараат ќе ги користиме тие,заштедените пари ќе му ги искористам за нешто друго.