Какви точно видови и подвидови пелени имаат Памперс? Маж ми на секое купување носи различни, незнам се какви има а на нивниот сајт не можам да пронајдам бидејќи ми ја дава понудата за американски пазар
Актив и премиум. Обични и гакички. Тие се, нема кај нас други. Сега им ги менуваа амбалажите, а и пелените се сменети малку. Па некаде има уште и од старите.
Вчера купив Дајперс 3 мало пакување, да ги пробам на бебо. Досега користевме само Памперс премиум ама скапи се. Во аптека ми рекоа Слипи протекуваат, Памперс актив новите исто не се добри, па меѓу Дајперс и Виолета, овие се поефтини. Само некако дебелки ми стојат. Вие како сте задоволни од нив? Кога е потопло ги користите ли, летно време на пример?
За памперс актив новите поделени мислења се , повеќето се задоволни идат малку и потенки дури (не е некоа приметлива разлика ) скоро 2г е малата и само памперс и земам , новите веќе неколку месеци и земам , нема пропуштено а ноќе и по 12ч е со неа и е голема мочка . Сега веќе почнуваме да се одвикнуваме од пелени и по завршеток на пакетов мисл да и земам други , пуфис или виолета , ама повеќе за пуфис сум и потенки се . Дајперс дебели ми се па и за потопло време и лето ич не ми се , склетчика е и сигурна сум нема да и одг , најубаво е да им дише кожата слободно . Пробај земи мало пакување памперс актив види како ќе се покажат , ако не се ок види ги и пуфис ( мн и шаренки и слатки се )
Виолета се подебели од Дајперс. Убави се не пропуштаат ама што е со лепенките се одлепуваат и денес бебе мокро ми беше.
Јас од кан бебе бев задоволна дур не ја почнав 4ката, рогаш на газето му остануваше од гелот и ги сменив, сега кпристам слипи и сељ за сеа ми се супер
Од сите што ги имам пробано. Дајперс, Виолета и Пуфис ми се најдобри. Од Памперс се нафрли инаку и тие се добри не пропуштаат, кан бебе се добри ама не сакам такви со гел, Миниес се добри ама некако мал калап имаат. Бекутан дебели се многу, Бејби лов кога беше новороденче ги земавме тие беа ок и Слипи добри ама многу лошо мирисаат. Сега некое време сме со Дајперс дете пие многу течности до сега не пропуштиле навечер 5 користиме.
Јас користев памперс последно 4ка и супер беа, ниту еднаш не пропушти, а еднаш во ноќта му менувам кон 2-3ч бидејќи скоро секогаш се сакаше, сега почна ноќе да не се кака но пак му менувам бидејќи сега еве 2 недела користам Кан бебе и не упиваат како памперсот, а се убави меки. Пред тоа ги пробав и виолета и Дајперс, но двете се мн дебели и книжни, Дајперс никогаш нема да купам, а за Виолета ќе размислам
И мене ми идат Дајперс ем дебели ем книжни, како дебела хартија. Виолетата помеки ли се? Пуфис која цена се 3ката, и со колку пелени? Ги има ли во Зегин?
Со памперс во зегин има плус шише ( ама за поголемки е ) со minnie , mickey .. , а со гакичките даваат корине де фарм шампонче
Да не останам покусо земав едно мало паковање да ги пробам кан бебе. Земав 4ка ама некако мал калапот ми изгледа вие кое бројчњ користите? Пелената на изглед мие иста како дајперс.
Има некој фин да ги сликне бејбилов...така од различни агли ☺️ Знам дека секако ќе морам да пробам ама сакам прво да видам како изгледат, дебелина...