4 и 4+ ја стегаа ластиците ептем...овие покомотни и се. Не се водам јас спрема килажа на паковката. Земи си мало паковање од 4ка мислам по 22 се во паковање. Пробај
4ka ?! мислам дека си грешка , 4ка уште накај годинка скоро сите ја прекинуваат , 5ка е најискористена , најдолго .
да баш така . 4ка ми се чине малку се користе и таа , оно зависи баш се , јас некои 4/5 месеци да а користев , со 5ка сме скоро година и уште има луфта , изиграва маникенка ама со надеж ќе ги фрлиме за брзо последна бројка ќе е
И на мојава 4ка и се кнап. 4+ земав мала е разликата ама таман е. Кај ноџињата ја сече. Мм ме нервира, ми вика, не знам да и ги местам, демек по килажата и одговарале 4ката. Бебе има 9 кила, 7 ипол месеци ама ја сечат кај ноџињата. Памперс актив користиме
Земи 5-ка, 4+ скоро и да немаат разлика со 4. И јас како слепец некој упорно и ставав 4-ка, а мм ми викаше дека и се мали пошто почнаа да и пробиваат. Кога пробав 5-ка, сфатив колку сум била смотана, требаше и порано да почнам, ама бидна Инаку, Памперс Премиум користиме од раѓање.
И синчето ми е 9.500 и веќе некое време користиме 5. Баш перидов се погоди зошто се прошушташе ноќе да ги прошараме скоро сите пелени и сите 5 му пасуваат. Само слипи мислам му беа големи.
Преку ноќ ништо не додрживаше как него. Откако ги купив во лидл тие на лупилу дете е суво. Ама имам уште еден пакет и ќе ги чувам за ноќе зошто незнам кога ќе одам или ќе ми донесе некој. За денски ми е да пробам други. Бејбилове ги користев подолго ама сега ми е измеѓу 4+ и 5 (едните се кнап, а другите малку комотни) па сакав да пробам со памперс гаќичките. Купив 5 мало да пробам па ќе видам како ќе се покажат. Ако е ќе се вратам на бејбилове.
На синко и lupilu и babylove му пропуштаа Затоа не експериментирам повеќе. Само памперс. Пропуштиле кога веќе кнап се и е знак за поголем бр.
Сите му пропуштаа. Месец дена секоја ноќ беше мокар - бејбилов, памперс, дајперс, слипи, бекутан сите ги свртевме - и помали и поголеми броеви. Сега за сега само лупилу го држат. ;оже и до големината е незнам, така да засега ќе се држам за нив за ноќе, а за дење веќе купив памперс гаќички да пробам со нив, зошто многу напорен стана за местење пелена. Се бориме додека ја наместам убаво.
Значи гаќичкиве ги користите за деца борачи? Ако е така тогаш и јас да пробам, нерви кинам на секое пресоблакање. Неможам да се сетам кога и зошто ги користевме со поголемата...како брзо се заборава
Земи 5 чим ја сече веќе на ноџињата. Ние исто 4 користевме памперс актив и гакички видов го сечеа на ноџињата и плус секоја вечер мокар. Од кога купив 5 одма видов разлика, не го стегаат и не му пропуштаат навечер
И мене сите ми пропуштаа освен Дајперс. Нема пелена која не ја пробав. Лупилу ми беа одлични, ама не можам да ги снабдувам често. Едвај чекам да ги откачиме пелениве зошто нерви искинав со нив.
Мајки може ли да споделите искуатво за добар памперс? Имам синче 1 месец незнам веќе каков памперс не пробав ама многу често ми прокиснува. Пробав кан бебе, слипи, памперс, од дм еден германски скоро од сите ми прокисна некогаш знае со денови добро да биде а некогаш во денот неколку пати да прокисне. Се мислев да земам бекутан и тие да ги пробам хахах или кажете некои други? Ми викаат дека било каков и да земам машките прокиснувале хаха