Јас 4ки користам од 2 месеци Тогаш беше 7ипол кила бебето и 3ките мали му беа. Сега 4киве му се кнап, па си викам и 5ка да земам или ако има 4+. Сега уште нема 4 месеци а тежи 8600
Земи тројка, ќе видиш дали ќе пропушти. Килажата не е репер за бројот на пелените, само ориентационо е ставена.
Nie koristeme cushy baby 3 I sme prezadovolni od niv prvo koristevme Pampers ama izleze oti samo imeto Im e golemo
Мене на почеток ми прокиснуваа,искочи не ги местам убаво,машко моча нагоре и потоп Види дал се убаво наместени или смени бројка.
Моето искуство со пелените: Ги имаме пробано: Pampers premium, Violeta, Baby love, Becutan i Minnies и по тој редослед ги препорачувам. Ми има пропуштено бекутан но ради лошо наместена пелена. Бејби лове се потенки како за лето за разлика од останатите. Миниес не ги препорачувам воопшто, не упиваат многу многу. Од ниедна не сме имале осип. Моментално сме на бекутан 2. Имаше некоја акција во рамсторе и беа живо џабе: 350 ден 66 пелени.
Детево секоја ноќ го пресоблекувам утоп мокро пропуштаат пелените. Уште гакички не сум пробала од пелени. Инаку сите ги пробав. Само пуфис 6ка ниту еднаш не пропушти и еве веќе не ги носат 6ките. Не знам што да правам уште Памперс да пробам ама од нив ми направи осип. Нерви изгубив со овие пелени
А овие пелени имаат ли големини? Голема инвестиција е ако има големини брзо ќе омалат, а сигурно ќе треба над 10. И дали се купуваат на старо или?
Немаат големини. Имаат нитни за подесување на големината. И се користат од почеток се до крај. Многу се практични. Ја ги набавив па ќе видиме како ќе се покажат.
Ние ги користиме ќеркичаката мие 3 години и за ноќно време кориситме и сум задоволна а и за бебево сега земав 2 ка и со тие сум задоволна и цената име ефтина и прифатлива а нема голема разлика во однос на поскапите пелени
Околу 500ден е една така? Колку зема, за колку мислиш дека ќе има потреба. Ако е една големина мислам се исплаќа со иглед на тоа што едно пакување пелени е 1000ка.
Земав 25 пелени, со тоа што во просек дневно се трошат 8-10, рачунав 10 пелени на ден, 20 на 2 дена, и земав плус 5 за секој случај, иако планирам да пуштам машина секој ден. Во секој случај, ќе доземам уште некоја ако сум во тесно првите денови. Понатака секако помалку на ден ќе бидат потребни.
А каде се најевтини? Јас ги најдов на фб се движеа од 550 па нагоре, зависно од дезенот. На друго место нз кај да барам.
И јас си ги користам многу се практични и не ми пропуштиле до сега, ама за навечер само појак апсорбирач треба.Јас имам од бамбус топ е. Јас бев кај нив и се убаво си видов и многу се љубезни се ми објаснија. Земи си за проба нема сигурно да згрешиш. Само мене на почеток со нитните додека да научам два три дена ми беше тешко па после е се рутина. Сега синко помалку мокри преку ден па користам 6,7 на ден и перам на три дена. Не е мачно верувај лесно е а и многу интересни се.Имаат пакети многу се исплатат а се имам во пакетот и пари за пелени само кога ќе одам на одмор ќе давам