До памперс 3,оригиналот премиум супер беа. Сега 4 исто премиум,за никаде се.Од кои сте задоволни,предложете некои.
Исто и јас до 3ката бев задоволна, од 4ката ич, смрдеа многу и се собираше долу урината како топка. Пробав и Актив, но и тие не ги биде, па преминав на Пуфис. Види и со тие од ДМ, на Бејбилов, ги фалат доста, но лично не сум ги пробала. Сега сме со гаќичките на Памперс, 5ка носи, супер се засега
Јас од лили ду и ставам од 10-12 кг, тие и одговараат моментално, иако е над 7кг од 8-10 и се тесни и претекуваат. https://lillydoo.com/de/ Се останато не пасуваше кај малата голем проблем со црвенило од памперс имаше.
Малатс користи кан бебе 3ка. 5кг и нешто е, а 3ката се за од 4 до 9кг. Ама гледам доле кај ножињата од ластикот ја стегаат и одбележуваат. И го олабавувам памперсот и пак ја стега. Да сменам ли или што?
Ако не и е комотно, требит поголем број ...нз колкав е калапот на кан бебе, пробај Дајперс,Бекута,Пуфис 3, мало паковање за проба
Пробај со поголем број, но можно е и моделот да не и одговара, можно е и самите ластичиња да се доста цврсти. Мораш да пробаш поголем број и да видиш, ако не да смениш видот на памперсот.
@emkaemka морав да те таг. Знам дека ги имаш пробано сите можни пелени Препорачај нешо блиску до памперс да е. Сменив бројка и ми се исфрли(прерпоставувам дека е од пелените) Само не сакам памперс премиум мн ми смрдат
Лилипу од Лидл ми беа најслични до Актив, штета што кај нас ги нема. Пробај со Пуфис, ем се џиџе, ем се тенки, меки и не шушкаат. Мало пакување за жал нема, ако се одлучиш да земеш од нив бројот, големината е ист со Памперс. Можеш и со Бејбилов од ДМ да пробаш, но искрено не сум ги пробала, тука ги фалеа дека се ептен мекани. Имаш мало пакување од нив.