А да пробаш со обичен Памперс? Актив? Мене ми немаат некоја драстична разлика, може помеки се за нијанса. Исто тенки се. Нема потенки пелени од Памперс. Пафис можеби. Ама освен овие две немам ништо друго користено за да кажам.
Ние почнавме со Памперс,ни пропушти неколку пати,сега сме веќе на Кан бебе 3-ка,задоволна сум.Бебе е 2 месеци.Ги има и во Зегин,а и низ некои поголеми маркети.
@Minnie 1 пробај ги овие од Кауфланд, ѓаќички се и одлично апсорбираат преку ноќ. Кај мене е околу 9кг, земав од 15-25кг и точни и се кнап.
Зависи од конструкција али можеш да видиш и поголема килажа. Важно можам да ги пофалам од се од досега пробано.
Пелени - гаќички од кои фирми сѐ постојат низ нашиве аптекии дуќани? До сега нема купено за малава, незнам ни јас како издржав
Јас колку што знам само памперс, дајперс и бејбилов. Дајперс не сум пробала, памперс се ок, а бејбилове чуден модел. За синко користам 5 пелени, а гаќичкиве 4 му се широки во струк на слабушко мој. Имам десетина неискорисрени ако сакаш да ти ги дадам да ги пробате, може вас ќе ви пасуваат
Земав и јас Памперс 5ка, ми делуваат Ок во половината, мојава е дебелчо Дајперс немаше бројче ама мора да споредам цени и да пробам и од другиве ако се поевтини, овие ми се видоа скапички за 48 пелени
Има и кан бебе. Јас ги земав последниот пат за 160 ден, 26 бројки. Немам поплаки ни од памперсите ни од гаќичките
Поскапи се гаќичките од пелените. И јас памперс 5 купував гаќички, а од бејбилов 4 му пливаат во струкот Еве и кан бебе имало. Баш ќе ги пробам. Уште тоа ни остана непробано
Гаќичките гледате кнап да се или лабави? До сега 4ка користев и еве две вечери му пуштија. Прееска купив 5ка (и тоа кутија ) ама некако широки ми се видоа па пак на шопинг по 4ка. Не знам дали јас грешам нешто па што му пуштаат. Дење користам премиум кер ама секоја вечер му пропуштаа па почнав гаќички за навечер. Претпоставувам има врска и тоа што цело вечер се превртува низ креветот и му пуштаат од страна или поретко напред. Некој совет?
Нема врска превртувањето во кревет со пропуштањето мочки. Или пробај со поголемото бројче еден период, или смени марка на пелени. Јас гледам да не пропуштаат мочки и да не ја стегаат ластиците кај бутовите.