Пред некој ден почнав да му ставам Слипи на бебо, за навечер уште е со Памперс премиум. Досега нема реакција од пелените, само треба еден број поголем да му земам. Не се така меки како Памперсот, ама цената е далеку подобра
Девојчики, мислам дека еднаш имам прашано ама не се сеќавам добро што ми одговоривте, Huggies пелени кај можам да купам, сакам да ги пробам. Мислам дека некој ми рече ДМ, ама не сум сигурна.
Многу евтини! Ако се толку сигурно,ќе се префрлиме на нив,ги имаме пробано,не се исипува од нив,му одговараат. Да не се на акција или редовна цена им е таа?
Како сте задоволни од дајперс пелените? Сакам да земам да ги пробам и нив до сега зимав бекутан од 3 бев задоволна ама од 4 не сум не ми лепат убаво и ми прокиснуваше од нив понекогаш па за ноќе му ставам виолета од тие сум најзадоволна ама се многу дебели за преку ден и сега за лето затоа само ноќе ги користам. Искуство со дајперс?
Само да споделам ново искуство. Купив Baby love пелени и искрено да ви кажам, криво ми е што од почеток не ги користев, потенки се од памперс, попријатни на допир и што е најважно супер впиваат. Во квалитет ми се потполно исти како Памперс и Пуфис а може и подобри малку. До сега имам пробано 4 бренда, Памперс, Пуфис, Бекутан и последно Бејби лав, само од Бекутан не сум задоволна воопшто бидејќи му протекуваат од сите страни дури и преку ден, потесни се од останатите и плус се дебели и ми мирисаат лошо кога се полни .
Касно ми текна за пелените, инаку сум си рекла, кога не знаеш што е добро прашај што е ''made in Germany'' a ако нема такво, е тогаш прашај што е скапо. Памперс е исто германски бренд, но тој кај нас е унгарски по лиценца, така што ...