Уште ја имам кесата од Памперсот и пишува made in Hungary. Лани дури имаше залихи од полскиот Памперс, барав исклучиво од нив пошто беа подобри а унгарскиов е ужас. Како и да е од сега па додека е со пелени само Бејби лав ќе си купувам.
Бебјбилов да купам за новороденче значи. Ве читам сакав Памперс,ама ако се овие толку добри нив да ги земам. Само во ДМ ги има?
Само во Дм и тоа 1ца е мало пакетче од 28 пелени, ако добро се сеќавам. @Ednostaven а кое бројче пелени користите? Ќерка ми се роди 3800 па почнав со 1ца. 2ка почнавме после еден месец отприлика. Јас на почеток користев само Бејби лов.
Сега купив Бекутан големо пакување, ама се разочарав. Подебели се од Памперс премиум, а и од Слипи. И воопшто не се еластични. Ќе му ги пробам на бебо, ќе видам како ќе се погодат. Ги имам пробано и Дајперс, и од овие 4 брендови останувам на мислење дека Памперс премиум се најмеки и најеластични. Според мене најдобри.
2 купуваме цело време. Синко на контрола беше 3800 ама тоа пред една недела, сега може има и преку 4000 гр. Ми препорачуваш Бејби лов 1 да купам сега?
Baby love за 3кг + нешто која бројка препорачувате? Или некои други пелени можда? Од памперс воопшто не сум задоволна.
1ца се 2-5кг а 2ка се 3-6, јас би 2ка но вие си го знаете бебето и неговата конструкција. Не се некоја голема разлика 1ца и 2ка ама сепак јас би поголемо.
@Someday На Babylove 2че за 3-6кг се. @happygirl Сабајле баш пишав, истото мислење го делам за Бекутан. Пробај си Babylove Јас тврдоглава цело време Памперс, божем бренд бр.1, шијем ти га... нема врска, мислам, добри се, нема збор, ама исто и од Пуфис сум задоволна. Е сега Babylove ми се N°1
А сте ги пробале Бејбилов? Ако не, тогаш пробајте со 2ка. Може единица, ама ваљда и 2 нема да ви бидат големи. Јас терав со 1ца брем 3 недели, значи до 4 и пол кила кога беше.
Нема ДМ овде, и не можам да порачувам цело време пелени од Др градови. Ништо, ќе продолжиме со Памперсот најверојатно
Пак има полски Памперс актив , последниве два три месеца што земам се се полски , и супер ми се, мојава мочка невидена е досега пропуштени пелени неколку сум имала само во овие 2г .
Јас ич не ги бендисав бејби лав каканицата плива горе налик памперсот. Не знам иначе што да ти препорачам се е катастрофа. Ако и протекува од страна (проверувај ја на секој подој со раката) купи бројка поголема.
Од страна и протекува да, ама ситнечка е, во понеделникот бевме точно 3кг. И сега не сакам да земам пак памперс поради ова баш, а не знам кои други да ги пробам.
Бројката нема врска секогаш. Јас на пример земам плус 12 кг група, а има 9. Токму поради протекување од страна. Би ти препорачла гаќици али не знам од која кг почнуваат. Овие со лепенките се жива катастрофа. До 40 дена ноќно време ја пресоблекував еднаш оти беше секогаш лом. Тогаш често мократ и какаат. Им треба и ноќно соблекување. Потоа ноќното го исфрлаш, за да не ја будиш.
Јас од дајперс од жито маркети што ги земам сум презадоволна многу ретко пропуштаат а од тие од Зегин дајперс еднаш земав и ужас беа
Јас купив 2 Памперс за бебе од 3200 (колку што излеговме од породилиште) и почнаа маките со протекување. На крај забежавме дека всушност 2 е од 4 кг до 6 ако не се лажам.... Провери на паковањето дали ви одговара килажата.