Кан бебе и Дајперс се горе доле слични. На нас единствено Кан бебе до сега од цело пакетче 46 пелени ниедна ни нема пропуштено ама па мн му ја спуруваат кожичката после 2-3 саати носење. Јас од Виолета сум презадоволна, знае навечер да пропушти ако ја носи подолго ама кожата му диши во нив.
Мамички да ве прашам користите за бебињата широк повој? За тие што сте поголемки на почеток дали сте користеле? Јас не и ставам, иако препорачано е до 3 месеци дури се оди на ехо за колкчиња, да се става широк повој. Дали би имало штета доколку не и ставам? Во странство нигде не ставаат, тоа е кај нив времиња изгубено. Ми треба и ваше мислење.
Јас немам слушнато и кај нас да се става. Ова порано било ама сите мајки што ми се поблиски никоја не става.
За првата ќеркичка ставав(пред 8 г.)во првите месеци тогаш ајде прво па слушаш свашта за вторава 4 месеци е веќе,не ставав,мислам дека веќе не се користи широк повој,бевме и на ортопед ништо не спомна околу тоа.Никаде во светот не сум ни чула да ставаат,самите пелени си се анатомски направени да си се оформат колкчињата,така да веќе ретко и кај нас користат.
На ехо на колкови се оди првиот, евентуално вториот месец. Иначе на првото ставав оти така ми велеа, на второто не.
Мила, пеленките што ги користиш еко пелените се анатомски направени баш за широк повој. Не ти треба ништо дополнително.Нас во систина ни кажаа две памперси да ставам бидејќи памперсите не се анатомски оформени за да ги шират колковите доволно.Но, затоа еко пеленките се супер за тоа самата ќе си видиш
@Ladyyyy567* @Annath @Sparkles27 Нигде не користат знам зато сакав да си потврдам. Кај нас препорачуваат да се носи до 3ти месец, тогаш е ехо на колкчиња. И ако има потреба и понатаму ако не се прекинува. Ама ни јас не користам. Сапрклес ќе ти пишам во ЛП.
За ќерка ми пред 5 години ставав широк повој до 7 месеци, зашто фати и зима и така мислев дека е најдобро, но за синчето еве уште малку годинка ќе прави, од првиот ден е само со пелена за еднократна употреба. И фала Богу се е ок. И се разви како што треба и си оди најнормално. Како мислиш дека е најубаво така прави мајка.
И јас сакам истово да ве прашам зошто мене и педијатарот и патронажните два пати ми рекоа морало широк повој. И јас не му ставам на син ми, 3 месеци има, ама демек морало да се става такво ни било поднебјето. И јас се мислам да не згрешив постојано, од тоа нивно пререкување мада досега ми рекоа добар е.
Дајперс се подебели од Слипи каде каде. @Meckicja јас имам користено Слипи за бебо, не се лоши. Не му пропуштиле. Само имаат лоша миризба, и суви кога се мирисаат.
Kako pa da ne, moralo. Gluposti. Baska na ovo zesko vreme da se spuri bebeto. Ne sum stavljala i se bea vo red, a mi rekoa deka moram i na dvajcata da stavam i ne poslusav. Toa e macenje na deteto i nema efekt, dokazano e.
Јас година и пол се со Памперс Сега конечно земав Минис, ептен евтини и одма му се погодија ни осип, нит пропуштат, дефинитивно преминувам на овие
Не ставав иако патронажната рече да ставам, го чекав првиот преглед на ортопед на 2м. Тој ги виде колкчињата на ехо и кажа нема потреба. Не го малтретирај џабе бебуш, ретко кој има потреба од широк повој.
Веќе 8 месеци користиме памперс гледам веќе 1дна недела и пропушта не само ноќе и дење од што пие многу или веќе е голема а тие неможат да издржат.. препорака за некои други ве молам подебели да бидат.