На почеток користев памперс, после 8ми месец ги сменив, многу му пропуштаа навечер. Се префрлив на sleepy, задоволна сум од нив.
Од раѓање на бебето користам памперс и до скоро бев задоволна. Кога почна секоја вечер да протекува и сменив од 4ка на 5ка, да не и се мали, иако 4ката и одговараа на килажа. И, наидов на нов проблем. Кога читав овде за искуства со пелени не можев да сфатам како тоа "смрдат"? Ау, и тоа како можеле да смрдат!! Воопшто не сакам да менувам и да испробувам нови, се плашам од реакции и иритации, но ќе морам
Бејби Лав се стопати подобри од Дајперс. Не се лоши и Дајперс, само се дебели и не толку комотни, а се поевтини. За мене на нашиов пазар Бејби Лав се на прво место.
@Ano ,@Annath фала ви,да си продолжам тогаш со бејбилов. Ми се свиѓаат и мене ,но читав и овие ги фалеа.
Здраво, Дали на некоја од вас често и се случува на бебчето да му протечат пелените со какушки од грбот? Користам паралелно pampers premium care i pampers active baby и од двата вида протекува
Големи да не му се? Јас со Виолетата го имав тој проблем. Користам памперс премиум од 3-6 кг 2ка значи, а бебкс има околу 5кг моментално и сум презадоволна воопшто не ни пропуштиле до сега.
Ги затегам доволно, затоа прашав дали има повеќе вакви искуства. Бебче е 5 кг, користам бр. 2 ( 4 - 8 кг) Да не треба да се префрлам на 3ка?
Јас тие што ги имам и двата вида се 2 ка и се од 4-8 кила и не и се големи воопшто, се мислам дури и за 3 ка.