Да,нас 2ка почнаа да ни пропуштаат и земав 3ка , дека се малце повисочки таман ке ви дојдат. На 5 и пол кила паметам ги сменав
Јас да можев никогаш немаше да ги сменам Бејбилав, и за мене се незаменливи. Ако му одговараат на газето, јас ти ги препорачувам овие, секако ако ви одговара цената, сепак Дајперс се поевтини. Ние во моментов сме со Дајперс, многу покрути, но Ок се како пелена-не пропуштаат. Ние имавме проблем со сите пелени со гел-полнење, дундето многу ѝ се вцрвенуваше, па моравме да преминеме на памучни. А со поголемата ќерка го немавме овој проблем, со Бејбилав бевме до одвикнување
Не не цената им е ок,у просек 8,5 денари е пелена.Мене ми се екстра,но читам дајперс ги фалат па помислив подобри да не се. Не ги менувам тогаш,да не експериментирам. Фала ти
за во дм знам дека ги има но дали и на друго место ги има или стрикно само таму? со првото ми се случуваше тоа,не е до памперсите туку до количината на измет што истекува. Нели мокраќата се упива ова не па ми се случувало да протече назад кај грбчето или помеѓу ноџињата кај ципите (мислам сваќаш каде)
Pampers premium нз од што се составени ама впиваат, обичниот памперс пливаше каката, нели дека течна и е уште, а на овие не. Вероватно ради тоа и не протекуваат
е памеперс премиум не сум користела никогаш со првото. Претежно бев на белло во почетокот потоа кан бебе после рефус земав по 20-30 парчиња за 120-140 денари. И за чудо одлично се покажале. Исто еднаш на награда добив еви бејби памперси... Толку меки лесни и непропусливи.... Ама не забележав тогаш некаде да се продаваат туку преку дистрибутери се доставуваа. Ако некој ги има видено некаде нека каже. Би ги купила.
Јас на малата и земам пелени од Жито. Ги користам веќе 5,6 месеци и супер се. Досега не пропуштиле. 6 величина-160 ден се/20 пелени.
Дали може некој да ми прати слика од паковањето на baby love пелените бр.3 и да ми каже кое е најголемо пакување и цена на истите и некој што користи памперс премиум да ми каже кое е најголемото пакување на бр. 3 и по која цена ги купувате? Последно што земав од ДМ, 60 пелени на акција од 900 и нешто на 700 и нешто. Дали на друго место се поефтини?
Еве јас ќе ти кажам за бејби лав пошто тие ги користам а и слика ќе ти оставам. 829 денари се дупло паковање 92 пелени. За 3ка зборам. Портокалеви се. Поисплатливо ти е џамбо паковањето иако не знам цена на едно паковање колку е. Еве слики од џамбо и од обично, едно паковање
Малото паковање 46 пелини е 470 денари. Колку месеци е твоето? Почнав со 3ка но кога ми спие на страна и протекуваат Ми личат големи а пак двојката у колкови не ми ја опфаќаа убаво,тамо каките ни бегаа
Месец ипол е, излезени сме од болница со 3100 гр а сега е скоро 5 кг, и во бутчињата му се прават засеци со 2ка а 3ка таман му се и повисочки и ништо не пропушта. Јас со 2ка почнав, не користев 1ца воопшто. До сега ниеднаш не ми пропуштила пелена. Памперсот ги пробав и ги дадов не ми се допаднаа воопшто.
Јас пак со пробите. Бејбилав пропуштаа, памперс премиум беа супер, ама последните што ги земав смрдат, ау, очи печат. Сега земав виолета, ми се допаѓаат многу ама кратко ги користам. Веќе сум 3ка, па ќе видиме.
Од Тинекс земав минатата недела Премиум . 3ката беше или 540 или 588. Тоа е најголемо пакување. Колку точно пелени имаше 3ка не се сеќавам, околу 50.
Си земав 2ка за навечер само а за преку ден 3ка Сабајле бевме суви. Морам вака,се надевам за недела-две ќе е таман за 3-че.