Која цена се Виолета 1ца и колку парчиња има? Инаку за тие како мене што не знаеле Памперс премиум 1, 54 пелени во Еурофарм се 499, во Зегин 540,во маркетите над 550ден..
Мм ми прашал во зегин му рекле дека нема ,дека од 3ка почнувале Баш и јас сакав да си земам такви коа би имало
Денес бев во Рамстор, специјално за Minnies или како и да беа, кога тоа разграбана големината што ни треба. А баш сакав да ги пробаме
Мајка супер се пелениве но искрено незнам како би се снашла со две бебеи и плус перење на пелени, мислм дека тоа ќе биде луксуз за мене
Од искуство ептен ако имаат иритации и црвенила често иначе нема време.Јас и не ги доев и шишиња стерилизирај,на 3 часа што попрво и кој прв да го средиш.
Мајка се се може ако се сака нормално Машина пере еднаш во три четири дена не е ама ич страшно, јас од толку што сум задоволна и веќе ептен искусна во пелениве на сите ги препорачувам. Нема подобра и поефтина ствар с и поздрава тоа секако. Само добра организација и желба, јас фул тајм работам плус и дома ептен хаотичен распоред имам и постигнувам... чисто добра и квалитетна опција ти е а ти ќе си одлучиш секако
Зошто да се нема време? Не разбирам? Јас 10 месеци ги користам, пластични пелени не сум купила цели 10 месеци, знаете ли само колку време и пари ми заштедиле?? И машини заштедиле од што не протекуваат за алишта еднаш во 10 дена му перам алишта, некад и на две недели! Менувањето е исто како пластичните само што пуштам машина таа ги пере на три дена не јас... да не зборам за други позитивни страни има премногу!