Бекутанот многу пропуштаат и не ти ги препорачувам освен ако имаш време и енергија да го пресоблекуваш бебето на секое менување на пелени. А и ако имаш доволно пара гардероба
Да видов дека не ги произведиваат. Баш ме изненадија. Јас си се вратив на памперс пошо моево бебе нон стоп кака и мочка. Лом се прави. Лакомко си е. Секој месец по едно кило качуваме памперсот до сега не ми пропуштиле
Јас им откажав љубов на Памперс, корнат, смрдат. Не верував кога читав тука по форумот ама 4-ката труе, се префрлив на Бејбилов топ ми се, топло препорачувам
Ние користиме Памперс Актив, ама многу почнаа да протекуваат навечер. Зедов мало Канбебе, Џанбебе, како и да се викаат, вчера добро беше, сабајле не имаше протечено. Плус се искака, и каката не истече. Би продолжила со нив уште некоја вечер. За Хагиес читав дека се добри. Каде можам да ги најдам, и искуство? Кои други пелени да пробам што собираат огромни количини мочка?
Здраво мајки,тие што користат памперс актив бејби,по која цена ги купувате 4+? Јас во гиго трејд ги купувам 706 денари новите 2х , а во ДМ во веро пред две недели ги купив нешто над 900денари. Зашто толкава разлика во цена за ист производ не ми е јасно?
Многу ефтино 706 денари. Искрено прв пат слушам за ваква цена. Ни на акција не се толку. Во Зегин се моментално 970. А беа 899 некогаш на акција. Во Еурофарм се мислам нешто поефтино. Ама пак околу 900-950. Штом си начекала толку ефтино, земај од таму.
и јас се чудам, збориме за макси пак по 58пелени што се внатре . Втор пат ги зимам по таа цена ,и кога ги земав за 1000ми дојде некако многу,и сега пак намерно отидов во гиго за да проверам да не сум грешка кога пак ми вика на каса 706 денари...
Ако е за Макси ок е. Ама повеќе ти се исплаќа да земаш од Зегин Џамбо со 76 пелени мислам. А за макси таа е ок цена. Иако скоро 1000 се секаде низ маркетите. Затоа не е исплатливо од таму земање пелени. За истите пари во Еурофарм и Зегин ќе земеш Џамбо. И Кам се исто тука некаде со цена.
Знам дека џамбо се факаат поевтини ама зашто па макси ги продаваат по цена на џамбо тоа не ми е јасно хаха. се фаќа по 17денари пелена а тоа не е ни малку ефтино.
Какви пелени да земам, за новороденче пошо нели според килата одат, саксм да земам за излегување од болница?
За мајките што тестираат нека пробаат Виолета. Јас на почетокот што не пробав и останав на нив. И Бејбилав на ДМ се супер ама се малку поскапи. За лето јас нив ќе ги употребуваам, вака за зимо нека му топли газето со Виолета. Хахха