Мене страшно ми смрдеа 3-4ка и се префрлив на други, па 5ка пак пробав и ок беше, уште сме со 5ка гаќички, може година дена ги користиме, топ се! Користев, ок ми беа, мн убави лепенки имаа, али дебелки се, погодни се за мало бебче, за поголемо ќе му смета дебелината при движење
@emkaemka големините на гакичките дали се исти со обичните пелени? Не ми дава да и сменам пелена, па да земев гаќички.
Да, иста бројка ќе ти треба и од гаѓичките. Јас и заради тоа почнав со нив, цел егзорцизам изведував дури му наместам пелена, со ѓаќиве раат видов!
Јас одам, здраво зегин/еурофарм, имате промоција на памперс, имаме немаме, фала/чао пријатно. Другите ги пратам на инстаграм. Немам попаметна работа, сите цени ги знам секаде посебно за хемија... Сакам сеа гакички и јас, малтретирање е, жива вода се правам дур сменам.
За почеток сакам подобри пелени па земав памперс премиум 1 од зегин со намалена цена 483 ден . Се надевам се добри.
Леле ко да се борам со лав дур сменам. Се кара госпоѓата на велико. Да дотрошам и купувам. Ги има во еурофарм? 4 ка која цена се?
Од babylove и violeta сум многу задоволна. Од pampers sensitive исто , презадоволна. Сега ги тестирам на lupilu (од lidl) ќе видиме ноќно време како ќе се покажат
На акција се во Кит го, ако имате ваков во близина. 599 ден. Мислам дека редовната им е нешто над 800. Ама не сум сигурна. Ретко ги земам. Не ми се толку практични. Секако прави проблем за менување.
Мајки, јас 3 пати менувам пелени, сите и прокиснуваат кога се кака. Секој ден лом се прави на грбчето. Обилно кака и доста течно. Досега имаме пробано памперс, кан бебе и дајперс. Предложете од кои сте задоволни.