Бројчето и одговара, во килажа е 6900, користиме 3ка од 4 до 10кг. Дали има некои пелени со ластик во задниот дел? Мислам од тоа прокиснува. Убаво и ги местам, ама скоро секое какање лом се прави.
А да пробаш со гаќички?Инаку не се води по бројки, конструкцијата е многу битна. Јас сепак мислам оти сте за поголем број.
Мајка не се ориентирај по килажа и мојот беше 6500 ама каките ни излегуваа горе на грбчето., а користевме канбебе 3 Одкако земав број 4 не сме имале таков случај досега. Пробај ќе направиш споредба , со самото тоа што се веќе поактивни затоа излеваат каките, а број 4 се повисочки.
Јас ги користам и задоволна сум. Не ми пропуштиле до сега. Само 2ката многу мирисаше чудно. 1 и 3 ја немаат таа миризба, но 1 и 3 не се исти ко 2ката. Ваљда коа купував 2ка немаа од новите Натурал, ама брзо ја надрасна 2ката едвај еден пакет истроиши. И јас мислам на 4ка да преминеш. Моето штом ја стигни долната тежинска граница на пелената преминувам на следно бројче. Пример кецот (1) се од 2 до 5кг, 2ката од 3-6, штом допре килажа од 3 преминав на 2ка и супер беше, 3ката се од 4 до 9 само што стигна до 4кг 2ката веќе ко мали му беа и одма преминав на 3ка. Уште некој грам па ќе мора 4ка да земам, го гледам дека 3ката веќе му е кнап. Мала е разликата во големините од една до друга величина така да од едно бројче поголемо нема да имаш штета.
Моите додека беа ептен мали им ставав Памперс премиум 0. Кога дојде ред за број 1, им земав од обичниот памперс и супер задоволна сум. Ниту прокиснале, ниту се извалкале од каката. Не би ги сменила никако. Сега сме стигнати до број 3
Во ДМ Флатирон од 6-8 февруари имаат -15% попуст и на веќе намалени цени. Пелените околу 600ден ќе бидат,се исплати
Мајки дајтеми идеа од кој пелени сте задоволни од памперс имасе алергија од кам бебе не сум ваш задоволна