Мајки, Pampers обичните почнаа да ми пропуштаат. Сега се мислам дали да земам Pampers premium care, Pufies или Violeta. Ми треба за новороденче. Ваши искуства
Да не треба да поминете на поголемо бројче?Колку кг има бебе и кој број користите? Инаку сите се добри од овие што си ги набројала,ние користевме на почетокот памперс премиум,па виолета ,океј беа двете, сега користиме памперс актив бејби и засега се супер.
Ги користиме единицата, а бебе е 3500 грама. Последниве пати горе кај половината, каде што завршува памперсот он е воден, кога од едната, а некогаш и од двете страни. Пелените добро ги стегнувам кога ги местам.
Ако е машко, не го ставај курето нагоре. Мојата се роди 3500, одма почнав со бр. 2 пелени на памперс.
Puffies 2 супер ни беше, ама 3ката многу лошо мирисаше на хемија некоја. Сега на diapers се префрливме.
Премини на 2ка ,од 3-6кг се мислам таман ќе ви бидат. Ние користиме 4+ 10-15кг ,а бебе има 9800 , така да не се води секогаш до тоа што го пишува на пелените зашто секое бебе нема иста градба
Babylove од ДМ мене ми беа супер, исто и Бекутан (иако мислам дека сега се сменети) и Пуфис. Од Виолета имаше алергија пострашна од таа на Памперс. Земи помали пакувања од сите па пробувај или види во Аптеките често има и тестери па пробај различни. На секое дете различни одговараат.
Некоја мајка да сменала памперс премиум на слично нешто? Еве до 4ка стигнавме и мислам дека овој пат мирисаат многу. Спиев со него амоњак луѓе се угушив,на роденден 3 жени де види какан е мириса а он ни мочан не беше. Да имаат индикатор
Babylove не мирисаат,тенки,памучни, ама немаат индикатор. Од Премиум преминав на овие, а и поефтини се.
Пафис сензитив се слични,ама не знам дали имаат индикатор.И јас на четворката прекинав со премиумот од истите причини.
Индилатор после број 2 немаат. Хепица, што ќе ти е индикатор? Уште малце и нокшир ке користиме И може детето пуфнало па замирисало. Така мириса памперс, јас се навикнав. Мене па baby love ми мирисаа лошо.
Нас 4ка Виолета ни се погодија. Види пробај. Не мирисаат. Мојов цица цела ноќ и дури сабајле му сменувам, утоп е. Не пропуштаат и не мирисаат ич.
Хахаха индикаторот е за мајка ми,ако нема само ке му менува пелени,така мисли она на дрво ги собирам пелените а со индикатор и докажувам дека немора да ја менува доколку не е сина линијата. Баби па ти. Не бе среќо страшно мирисаат.
И јас ве читам за памперс дека мирисаат, ние па шо знам задоволни сме. Користиме актив бејби 4+, и до сега ок се.
И мене ми се супер актив бејби. Инаку, до крајот на месецот во Еурофарм, актив бејби 4-ка, пакување лимитирана серија од 106 парчиња е 980 денари.