Да не му се мали? Јас користам Памперс актив бејби, навечер пред легнување околу 8 им менувам пелена. Наутро дури кога ќе станат им менувам. Без пропуштање 12+ саати издржуваат и двајцата.
Мислам дека големи ќе му бидат поголемите, пошо и тројкава така малце е широчка.. али може да пробам.. секако ќе стигнеме до тој број eventually. Али можда зашо се дои барем 4/5 пати ноќта, па затоа толку мочка
. Земи поголем број и преку ноќ ставај му од тие. Според мене пелената не може да биде широка бидејки се лепи, плус памперс имаат ластик. Пелената може да е кратка т.е. мала.
Од кога е роден малиов користевме памперс актив бејби, секогаш Џамбо пакувања сме купувале. Последен пат купив од кам маркет и беа никакви, помали и мирисаа многу повеќе од вообичаено како за бр.4. После од првата малска аптека купив дајперс бидејќи имаше ограничен избор и слободно можам да кажам дека се ок. Можеби понатаму пак ке се вратиме на памперс, но со оглед на тоа што доаѓаат од две места во Македонија едните навистина не чинат. До сега само читав дека ви мирисаат лошо еве и јас налетав на таква пратка.
Девојки, освен памперс некои пелени поевтини но квалитетни да препорачате, очекуваме близнаци, па да се уштеди на нешто ако се може Фала ви поздрав
Женски а во текот на ноќта нели менувате пелени? Јас на 3-4 часа менувам,знам дека ја расонувам и ми треба уште еден час за да заспие длабоко ама страв ми е да ја оставам подолго. Малечка е иначе,2,5 недели.
Не менувај, нема зошто. Треба да знае дека ноќта е за спиење. Колку поголема, полесно ќе се расонува и ќе ти биде тешко да ја презаспиеш. Направи и ритуал, да знае дека штом се сместите во спална , ја преоблечеш и време е за спиење. Пресоблекување дури утрото. Нема да прокисне ако е океј пелената.Мојот со Памперс и премиум, и обичен никогаш не станал со мокро газе, а пелената тежи некогаш колку него.
Леле @duffi фала што ме просветли. Се водев по правилото дека пелена се менува на 2-3 часа,ич не помислив ни патронажната да ја прашам Користам Памперс Премиум и јас,не верувам дека ке пропуштат туку страв ми е да не се потпари.Менувам пред спиење баш ко што пиша и ти,да створам ритуал,но на првото будење за цицање во текот на ноќта прво менувам пелена и нормално ја расонувам скроз. Уште одно офф-топик прашање.Дали да ја кренам навечер да ждригне? До сега ја враќам назад така успана,ми нема повратено..
Јас менував некое време ама се освестив дека правам грешка. Се расонувам и јас, се расонува и синко. Само да кажам дека бејби лов неколку пати ми протекле во текот на ноќта, а премиум кеар никогаш.
Штом не блуцка, не мора да ја чекаш да шдригне. Ќе се побуни ако и смета неждригнета да е , а налегната. Не менувајте мајки пелена. Нема зошто. Да сега се мали, ама ќе пораснат додека видите и тоа ќе им смета во текот на ноќта. Ноќта е за спиење. Пресоблекување само ако се мора, прокиснато на пример. Најдете соодветни пелени само. И ќе видите оти газето е суво дури и кога пелената е преполна .
Јас приметив дека газето му е суво само со памперс премиум, пелената како што пиша ти е претешка а кожата сува. И со прст проверив, сува е. Моментално памперс премиум се на акција во еурофарм, 2 пакувања се 1200, што воопшто не е скапо, горе долу и други добри памперси се таа цена.