Не и се мали, 4-ка користам. Работата е што она кога цица навечер, ги качува госпожата нозете на мене, и ако мочка во тој момент, истекува.
Тоа е друго, мажињата мочкаат само напред, затоа немам јас ваков проблем. Ако ти е од корист, пуфис гаќички се повисоки, од нив користев 4ка ама од друга причина не ми се допаѓаа. Ако земеш памперд гаќички кажи како си задоволна.
Да знаете дека Памперс гаќичките се број помали од Пуфис. Значи зимајте еден број поголем Памперс, ако користите 4ка, земете 5ка. Ги имам користено двете доста долг период, кога не сакаше да легне да и пресоблечам пелена.
Фала, за пуфис и јас приметив дека се теснички ама мислев дека синко е крупен и има големо меше и бутки и затоа. А во поглед на издржливост добри ли се гаќичките?
Даааа, супер се! Само јас прејдов на Слипи, ради цена Инаку Пуфис ми беа незаменливи на мочлава моја, пие по 2 литри вода дневно.
Кога ќе почне да дава отпор за лежење мирно и облакање пелени Неможам да се сетам точно кога почна тоа, ваљда околу годинка и трае тој период прилично долго...Се друго ги интересира наоколу наместо да лежат мирни една минута Некогаш стоечки сум ја пресоблакала
Ист проблем. Ние сме скоро годинка, се треска о земја недава да ја сменам пелената. Со гол газ бега по соба. Сега на пид ја облекувам, инаку од даска ке падне. Да земам тогаш пуфис гакичките? Подобри се од памперс? Држат цела ноќ?
Јас за спиење му ставам премиум кеар, најдобри ми се. До скоро користев само премиум, зедов актив бејби за проба, се покажаа како сосема добри. Мала е разлика во цената, јас купувам залихи кога се на акција. Пуфис се добри, ама кога ке го пипнам мочканото прстите ми се влаажни, од премиум кеар не.
Ете, секој со различно искуство, дефинитивно треба да се проба и да се види. Премиум многу ѝ го иритираа дундето, башка што многу се распаѓаше гелот. Пуфис немаат силиконски гел.
Леле бејби лов... Купив бидејќи видов тука многу задоволни, а јас на пример ги фрлив пола пакување, среќа малечко купивме. Никогаш повеќе.
Цело време беше измочан на стомакот не знам како, а папочето уште не му е заздравено, каките му беа размачкани низ цела пелена и напред имаше, црвени кругови имаше околу нозете. Не знам ама се нервирав цело време.
Која бројка му ставаше? Јас двојка купив и задоволна сум, ниту еднаш ми немаат пробиено. Тие се за 3-6 кг. Прочитав на форумов да не се зема 1, туку 2 бидејќи 1 се многу мали.
Читајќи за искуства низ форумов, ги купив и тие и тие. Во исто време ги користев Памперс премиум 1 и Бејбилав 2, задоволна сум од двете во однос на пробивање, само што премиумот ми мирисаа неубаво, а другиве немаат таков мирис. Планирам да продолжам со Бејбилав 2.
Сакам да прашам, за новороденче кој број памеперси да се купат и кој се подобри со по пристојна цена?