Памперс до 40дена користев 1ца па 2ка така што немам претстава за килажа за од околу 10кг бебе, кое бројче одговара. Користиме бејбилов, до скоро 4+ ,сега 5ка иако се од 12кг подобри му се отколку помалите. Од колку до колку кг се пуфис 5?
Всушност не сум сигурна дали се премиум или обични Памперс. Секогаш ги гледам во Зегин, но не обрнав внимание на паковањето.
Обични се, нема premium кај нас. Инаку, дај просветлете ме, вие што користите pants. Малата е 9кг, но памперс до сега навечер два пати во пет дена протекува. Дали и се големи? Од слипи купив 4-ка, но тие се 7-11 кг? Можно е да се големи, да и земам ли наредно 3-ка?
На синко од голема пелена никогаш му нема протечено. Памперс и пуфис имаат ластика, плус убаво залепени, нема шанси да протече. А помала пелена му има претечено кога беше бебе и ги преполнуваше. Гаќички за спиење немам ставено, ама некоја феминка пиша дека гаќичките се помали од класичен памперс.
Ни мене пелена не ми протекла од pampers active baby, ама еве од гакичките да. Ке земам помали. Иако мислам дека памперс од Зргин е по неквалитетен од Еурофарм и Рамстор
Последни неколку пакувања ми се од Зегин и Рамстор и не забележувам разлика. Гаќички само пуфис едно пакување потрошив, а планирам да земам памперс деновиве.
Ние почнавме со babylove 1. Сега сме на sleepy 1. Немам замерки. До сега се нема случено да ни пропуштат. Е сега син ми е две недели и ни е при крај пакувањeto. Дали да купиме 2ка или пак 1??? Крупен е, роден 4кг, сега е пак околу 4кг, ама и долг е.. не знам..
2ка земи,речиси неприметлива е разликата.Јас претерав со залихи на 1,па третата недела и беа кнап кај лепенките.
Кога направи скоро 4кг преминав на 2ка слипи. Сега е околу 5 одма се осеќа дека и се кнап ама ке почекам за 3ка сепак. Се зависи како расте бебето дали во висина или стомаче бутче.