Здраво мајки, дали има некоја искуство со Evy Baby пелените и како е задоволна? Јас земав вчера 3ка 90 парчиња 675 ден. се исплаќаат ептен
Јас однесов бејби лов. Ама не носи цело пакување или купи си помало. Моите што ги носев беа мало пакување, не ги потрошија, а ми ги земаа, не ми ги дадоа дома да си ги носам.
Колку пелени има во малите паковања?? ја со 80 парчиња зедов слипи, ама ќе земам од малите за на болница.
Па ништо, ги молев да ми донесат пелена, ми велеа не сега, на 5 часа се менувало... И така. Потоа донесоа цимерки во соба од нивните позајмував, и тие не ги дадоа нивните пелени на сестрите, па тие некако ги донесоа и моите во соба. Ама на денот кога не пуштија од болница ми рекоа пелените таму останувале бидејќи некогаш на бебето му ставале други пелени, не моите. Ме тераа и адаптирано млеко да однесам една кутија бидејќи моето бебе пиело од друга жена што имала донесено, демек требало да и вратат. А уствари ништо не враќаат бизнис си прават. Од моите подлоги земаа за цимерките и на нив им рекоа да си донесат за да ми вратат, ама не оди тоа така со враќање. А искрено последниот ден кога си одев ич гајле не ми беше што ќе ми земат, само сакав да си одам од таму со бебето, се ќе оставев само да избегам од тој хорор. Пишав и во други теми како си поминав на блискиот исток.
Не знам дали секаде е така, ама и пред да одам на породување имаа ми кажано други жени да не купам за џабе големо пакување, да си имам мало доволно е, секако ќе ми го запленат, и така и беше.
И јас бев на државно ама не ми ги зедоа памперсите. Што ми остана, дали 2 3 памперси беа, дома си ги вратив. Можеби болницата нема пари за памперси, ама па да крадат памперси е страшно. Сите мајки си носат памперс, ретко која ке отиде неспремна. И неспремна да е ке и донесат.
И јас се породив во Штип, меѓутоа имам само позитивно искуство..во врска со памперсите сите 3 што бевме во соба си носевме и ни ги потпишаа и беа оставени на маса за пресоблекување + шампонче + подлоги за пресоблекување. Се што ни остана си земавме назад. На секое бањање го зимаа шампончето и го враќаа. Можеби ни се погодиле различни сестри не знам
И моите ги потпишаа со бројче на креветот ама ми ги земаа, бидејќи бебето не беше постојано со мене. Кога почнаа да ми го оставаат јас немав пелени, ми ги донесоа после неколку пати кажување ама на секое влегување од пакувањето вадеа по 2 пелени и со нив си ги земаа. Тоа не само на мене, на сите им го правеа. Од сестри до болничарки сите беа исти. Ако не почастиш не те погледнуваат. За 200гр. кафе се прават, а некои ни кафето не им е доста. Јас едвај издржав психички. Една докторка од таму ми е роднина и она ми кажа ништо да не сум донела, дури ни адаптирано млеко, имале тие доволно, ама сестрите правеле бизниси, си кажуваа морало хип комбиотик. А после откако ќе им однесеме го враќале во аптеки за кеш.
Pampers pants 4 одговараат на 10+ кг? Земав 4ка актив и мали му се. А гледам до 16кг се. Па сега не знам дали 4 да земам pants.
10 кг се за 5ка. И премиум и актив користам 5ка. Синко не е толку буцкаст колку што е долг. Една членка кажа дека гаќичките се помали, значи 6ка.
Кои се подобри памперс премиум или виолета, користев памперс па реков на виолета да пробам, и сега сум во збунка нз со кои да продолжам? Виолета на 2 3 пати каките и беа на грбче, ама ваљда не ми бил наместен убаво, а помеки се некако од памперсот.
Ние користевме премиум и мајка ми по грешка купила памперс актив, ги пробавме и многу ми се свиѓаат. Сега такви користиме.
Вакво нешто кога ќе прочитам револт се ствара во мене. Мила @Fallen.Angel многу ми е жал што си имала вакво искуство со овие таканаречени здравствени работници. Значи се е претворено во бизнис и пари,како не му е жал. Јас да сум по 1 пелена ќе ,му давам кога ќе ми побараат. Смеат да земат без прашање нешто што не е нивно? Не. Инаку јас работам во аптека и некоја од овие сестриве да ми дојде да разменува пелени или подлоги за преселкување за кеш има лом да ја направам , и би и рекла дека на цела болница ќе ја кажам за случката. Директно кај директорот одам.Со мене работа фаќање за вакво нешто нема.Забегав од темата ама морав. Инаку јас сакам да земам од тие на Canbebe, ќе земам едно мало пакување за во болница околу 15 пелени и за дома од големото истото бројче со 80 пелени. Си велам таман ќе е.