Jas vidov 4, 4+, 5 i 6, barav 3ka ama nemashe, a tie so sigurnost se na akcija jumbo pakuvanje. * Si se vooruzhav so vlazhni btw
Да. Инаку не ми е јасно. Нели виолета беа над 600денари. А сега 500и нешто шкртнато и ставено ова 385. Да не намалиле бројка на пелени нешто или истите се?
И јас барам 3ка сакам да ги пробам досега не сум користела Виолета , бев во Тинех ама немаше само 4,5,6 имаше. Баш и во Зегин ќе проверам утре ако има акција како што велат А за влажни и јас се вооружав денес
И во Виолета пелените внатре имате едно пакетче влажни. Инаку само 4,5 и 6 ви се со оваа цена на акција.
За мене памперс, виолета земав за проба и не ги допотрошив. Прво ептен некако дебели ми се видоа, ужасно изгледаа под бодито,второ ми пропуштија од страните. Малава ми е какач невиден, па од памперс сум најзадоволна.
Јас уште се мислам какви пелени да земам за второво. За првото се изнададов пари за памперс премиум сега искрено се мислам. Кои други пелени се со индикатор?
Бејби лов 1ца и 2ка. Ама премиум навистина се премиум на почеток кога каките се потечни. Потоа можеш да продолжиш со актив бејби.
Ни мене не ми се фрлаат пари поготово што памперсот ми беше најгрда пелена, се убивав од пресоблекување, прво дете мислев нормално. Baby love, кан бебе, sleepy, некои од овие ако има добар рачун.
Пред да се породам, купив две пакувања Памперс премиум 1 и едно Бејбилав 2. Едвај чекав да ги завршам Памперсот и останав на Бејбилав. Купи си од нив, пробај ги, евтини се, но двојка бидејќи кецот се доста мали. Сега има околу 4500, уште користам двојка и некако кнап почнуваат да му се. Кога ќе го потрошам пакувањето, ќе пробам тројката дали се исто добри. Од двојката сум баш задоволна, ниту еднаш му нема пробиено ниту мочка ниту кака. Памперс премиум 1 и Бејбилав 2 се иста големина, ги мерев баш за споредба.
Јас до скоро користев Бејбилов и сум многу задоволна. Минатиот пат земав Пуфис, беа на промиција,чисто од радозналост да ги пробам, не се лоши,ама се подебели и шушкаат малце. Сега на промоција се Памперс актив во Рамстор и со 4 купони даваат подарок проодувалка,па земав едно пакување за проба. Еве 3 дена му ставам од активот задоволна сум. Убаво упиваат,не пропуштиле, тенки се. Со цената во моментов се поефтини од Бејбилов,а додека е попустот може ќе купам уште 3 пакувања и да ја земеме проодувалката одма
Бејби лов се од ДМ?Ние користиме памперс премиум и слипи. Ама слипи почнаа да му протекуваат, изгледа дека многу мочка.