Кога се роди бебе му ставав пуфис и бев задоволна. Отидов во Зегин со намера да земам памперс или виолета ( чисто да пробам, да не сум само со една марка пелени ) и таа што работи ми вика земи слипи. Зошто трчате по марка? И купив, ама се зафркнав. Слипи за мене се катастрофа. Мали се и пропуштаат. Бебе пресоблекувам на секој саат. Ех памет за друг пат. Секогаш кога ќе послушам некој друг си ја чукам главата.
Да мириса на моч. Ах што ми требаше ова? Од 1 ми остана повеќе од половина пелени, а како тераме и 2 ќе остане.
Женски може не е за тука напишаново , ама би сакала совет , што да правам. Дали знаете дали можеби ДМ вршат замена на производи? Моите купиле за беба уште во февруари пелени од ДМ babylove(дури две џамбо кутии), баш овие што се на попуст сега, ама не бидна да дојдеме за Велигденот да ги земеме ради короната, и останаа таму. Е сега беба е над 10кг, а бројчето е 3ка од 4-9 кг, не верувам да и се точни. Фискалната не ја чуваат за жал па не знам дали би успеале да ги замениме за поголемо бројче.
Би ти ги купила јас, но ние користиме 4ка моментално, за жал. Можеби на некој друг му треба 3ка на форумов. Или пробај во ДМ ако ти заменат без фискална, бидејќи нивни бренд е бејби лав за поголемо бројче.
Мислам дека без сметка нема да заменат. Со сметка кога менуваш сторнираат и даваат нова сметка. Вака нема да им се поклопуваат броевите во магацин. А и да имаш сметка, 30 дена е рокот за менување. Види по групи или тука на форум ако сака некој да ги купи.
Јас слипи и ставам од првиот ден. Задоволна сум, не пропуштаат и таман и се кецот, а и не ми мирисаат на моч
И фрезидерм и корин де фарм . И уште куп. Мм само ме кара кога ќе ме излажат, процент земале од тоа, а ние веруваме на препорака..
Некој да користи can bebe? Кско сте задоволни? Гледам се на акција па 3та се од 4 до 9 кг па викам д земам да пробаме... И да не знае некој колку пари се 3та?
Јас користам 2ка, океј ми се. Сакам да пробам со виолета , онака од мерак. Има некој искуство со Виолета? Да пробувам или не?
Ние користиме pampers 2 а сме 4 и пол кг.. А 3 can bebe пишува од 4 до 9 кг е па зато реков подобро 3 да земам мало паковање за проба ако ги бива..