Мајки менување на пелена ни оди многу тешко, сакам гаќички да пробам земав од дм, не знам точно кој број, од 8 кила нагоре, ама ние сме манекени немаме 8, се немавме мерено тогаш, мислев повеќе има. Ама 7 и нешто сме, ни клапаа. Некои гаќички за бебиња 7 кила, и како сте задоволни?
јас му имав земени sleepy на неколку пати, ептен делуваа спастрено и не пропуштаа воопшто. Мене ми одеше тешко соблекувањето зошто се кинат и пак се вративме на класичните. Иначе и кога имаше 7кг користевме 4ка.
Ќе пробам, фала ти.. Овие дм сега видов 4ка се најмали ама многу му клапаа кај мешето, уште едно бебе собира внатре
@Presrekna може да ставиш слика од камиончето што оди со памперс актив во рамстор? Го гледав ама не можам да го најдам сега.
Фала. Барав слика од Палчица т. е. од вашето камионче. Ми излезе слика од камиончиња во Пики бебе, па се мислам дали да земам залиха памперси или не.
Од која возраст може да се користи ова? Ние имаме слично вакво ни го донесоа подарок па ме интересира
На кутијата пишува 12-36 месеци. Моево е 11 но е многу ситна, но сепак успешно вози. Но веќе лази и се исправува на предмети и почнува да чекори. Колкаво е твоето?
Има ли различни видови на слипи пелените? Јас зедов едни виолетови, ама воопшто не ми се допадна материјалот, некако груби ми беа. Да не има други поубави, зошто цената ми е ептен примамлива
Кое пелени се потенки од Виолета? До сега 90% од Виолета користиме, задоволна сум ама за сега во жешково како да ми се дебелки. Да пробам некои други, дајте предлог.
Ее мало е уште за ова 4ипол месеци им реков јас мало е за ова ама на нив им било мерак па го земале како и да е ќе се најде нека стои Фала ти
И ние користиме моментално Виолета, ама што знам не ми се мене дебели, таман се.. потенки мислам дека се канбебе
Во спојлер под сликата имаш од палчица слика од што е мала не се гледа Инаку дома со камиончето жива опасност е. Ем сака и се качува, Ем не знае да се чува. Ќе ми попушти срцето готова сум
Да да, ја видов, фала многу. Кога ке порасне ке биде џебна Венера. Не го купувам, преопасно е за синко. Веќе се качува на автомобилите што ги има. Денес на шише проба да се качи. И успеа.