5 месеци користам за малото памперс актив бејби и му мењавам на 2 часа, а ако во меѓувреме се искака веднаш, не знам за која сина линија?
Пошо е многу активна и почна да лази, како со крокодил се борам кога ја преслекуваме си маж ми, он држи ја облекувам. Пробав со памперс гакичките и полесно ми оди, така да
Не пропушта воопшто, мојава е и какачка и мочка голема, до сега не пропуштило. И вистина е тоа дека не се олабавува на вечер или ете дење додека мрдаат, за разлика од обичниве.
Јас со моите прошетки низ пелени.. Користевме виолета подолг период ама нешто ми ги расипаа, гелот почна да се дели како топка. Земав слипи гаќички.. Јас изглеа сум единствена што не е задоволна од пелениве, многу тешко мирисаат како на лепак и многу ми се замирисуваше бебе како на застоено кога ќе му извадам пелената.. Вчера земавме памперс актив бејби. Мноогу се потенки од виолета. Ќе видиме како ќе се покажат. Се надевам нема некој осип да си заработиме во меѓувреме со ова менување пелени
Со тек на време ке научиш на допир. Полна пелена е потврда за разлика од кога е празна. Памперс премиум кеар имаат линија. Актив бејби и гаќичките немаат. Тек да видиш кога ке прооди. Борба со крокодил. Гаќички додека стои му облекувам. Премиум кеар за навечер се најдобри. Не пропуштаат. Актив бејби неколку пати ми пропуштија до сега. А не му е мала, преполна е.
Нема, и јас за проба менував, земав мали паковања ама си останав на памперс, ем не ми пропуштаат, ем како што викаш најтенки се.
А марамчиња кои користете? Јас прво виолета белите ама нешто минстанаа суви, сега памперс користам. Малава од ништо до сега немала реакција.
Хип 99% вода. Едвај ги најдов во дм, од тогаш немам сретнато.. Сега ќе земам на бејбилав со 99 вода ако не најдам хип П. С памперс влажните обичните се на акција во Зегин, 175 мислам се тоа пакувањето нз колку се споени од 250 намалено.. А на памперс со вода 130 денари едно пакување нека си ги чуваат, сакав да пробам такви ама нечу..
Јас кога се роди зњдов хип уште во австрија ама ептен ко тоалетна хартија ми беа.. јас зеам 6 паковања шо се памперс 300 и нешо ден
Хип со вода, бејби лов со вода. Памперс сензитив моментално затоа што се на акција во рамстор. Ниту едни немаат мирис, виолета во тој поглед се најмиризливи. Во рамстор ги има, во тинекс ги има.
Од дм бејби лов, сензитив со 99% вода. 85 ден.80 марамчиња. Од почеток и сеуште истите ги користиме. Пробавме виолета и Бекутан њуборн ама овие пак за нас се најдобри.
Јас користам Слипи од зегин со вода плус купувам Тото од зегин и тие ги мокрам со вода и така го бришам. Марамчињата ги коростам ако е многу покакан.
Марамчиња додека бев бремена се изнакупував Виолета и Бејбилав со 99 % вода. Само двапати досега го имам избришано со марамче, секогаш со наводенети туфери од ДМ го бришам. Си останаа марамчињата јас да ги користам. Инаку, од Бејбилав грозно ми мирисаат, со маки ги користам, а Виолета попријатни се. @Septemvri Тебе не ти мирисаат неубаво Бејбилав? Инаку, сега видов од Зегин рекламираат на попуст некои марамчиња од Слипи мислам дека беа со 99 % дестилирана вода, органски памук и уште нешто. Ги користела ли некоја? @Butterfly1107 Да не се истите ти што ги купуваш? И што се тие Тото?
Сите без парфем лошо мирисаат. Треба бекутан да ги помирисаш њуборн, тоа е грозен мирис . Овие хип и бејбилав со вода идентично мирисаат