Која големина на пелени е погодна за почеток, за во болница? Планирам да бидат памперс, ама незнам за големина
дали ви се случило од пелена да се прават како мали прозирни кристалчиња или како топчиња незнам како да ги наречам, вчера купив пуфис и тоа се случи? незнам дали да продолжам да ги користам или тоа значи дека нешто не се во ред??
Тоа е од гелот на пелените и кај мене 2,3 пати ми се случи да видам такви прозирни кристалчиња како што викаш и видов дека е од гелот, кај мене така се појавуваше кога цела ноќ не му имам менувано пелена, значи ако е повеќе саати, додека сега е во ред, нема ништо
и јас земав 2 ка комфор драј и се топ а сега земав еластик ама не сум ги пробала уште. инаку топ пелени и се исплатат 620 ден 86 пелени еластикот
па два сати не е многу време а сепак ги имаше, не би требало да ги има воопшто мислам дека тоа му е пропуст во производство, предходно користев памперс демек како најдобри ама пропуштаја ретко некоја да не пропушти и ај реков да сменам зедов пуфис и сега тоа со гелот, незнам само дали да ги користам, да не се јави некоја алергија немам вакво искуство досега?!
да бр2 ама како накачува беби килажа се помалце пелени има во зегин 629 66 пелени за бр4 а комфордрај има само со влажни марамици два пара и подлога за пресоблекување така ги продаваат и се 798 ден. 70 пелени
Бидејќи сум нова во ова поле,а за некоја недела ќе навлезам во светот на мајките ке поставам едно просто прашање,но за мене е многу сложено.За во болницата ми требаат пелени или памперс? И после излегувањето од болница што ми треба памперс или пелени? Прашањево не е за во темава ,но хелп ако може
Под пелени мислиш на платнени пелени, а памперс ги викаш еднократните, така? Еднократни пелени ќе ти требаат и за дома и за во болница, а која фирма - Pampers, Becutan, Puffies, Daipers, Canbebe... тоа останува на тебе. А платнените пелени тетра и осмици ќе ти се најдат ако ти препорачаат широк повој, а посебно тетра пелените се наоѓаат во првите месеци на бебето. За во болница ќе ти треба мало пакување од најмалите пелени, а за дома ќе си купуваш џамбо пакувања
На нас најмногу ни се погодија канбебе. читав сте пишувале за 4бр. тие ги забелешав во стокомак продавниците и мислам дека се најефтини таму,исто се со два пакувања влажни марамици и прекривка. околи 770 денари се 70 се во пакувањето
сакам да ве прашам дали некој ги има пробано хелен хепер и како сте задоволни.денеска ги видов тука кај нас отворија дисконт за пелени и др бебешки раб па ефтини ми се сакам да ги земам.позз
само да кажам ете ги почнав и камбебе еластикот и не ми пропуштаат така да и од еластикот сум задоволна
I jas gi koristam elastik od sam pocetok i mozam da kazam deka se super.Izdrzuvaat cela nok i ne se slucilo da mi propustat.Pampersot ke se napolni do posledniot sm ama nadvor ni kapka.
Ние си почнавме со виолета после долго трагање по пелена памперсот еднак утија пропушта една не сега за сега сум задоволна па ќе видиме
Nie sme 3 nedeli stari.. i sega koristam pampers ama sakam da gi smenam za poevtina varijanta.. ama ne znam koi radi goleminata. Vo zegin mi vikaat samo pampers ke i bile tocni.Preporaka?
Мислам поефтина варијанта се babylove од DM ке си видиш според килажа ке си најдеш и пелени Пр моево ги користи 4 од ДМ има бр1 од 2 до 5 кила бр2 3 до 6 кила бр3 4 до 9 кила бр4 7 до 18 кила
јас во почетокот користев памперс бр.2 њубејби има 108 пелени и се 1200ден.во веро тоа е најголемо паковање од памперс опаковката е жолто со зелено
Колку пари се 5ка од Хелен Харпер пелените, колку има во пакувањето и каде може да се најдат освен во Драчево, далеку ми е?
Искрено мене не ми се видоа многу ефтини 4ката има 42 пелени и кошта 510 ден мене за 1 месец ми одат околу 120 пелени значи околу три паковања, или една пелена е 510 /42=12.1 денар и ова по 120е некаде 1457 денари на ова треба да го надодадам патот со кола и паркингот кој ќе го платам и тоа ми излегува околу 1600-1700 ден . Памперсот кутијата со 99 пелени ме кошташе 1370 ден кога ги купував и ако поделиме 1370/99 испаѓа околу 13.8 денари парче ова по 120 пелени ми излегува 1660 кога ќе видиш исто му иде или ако некој не плаќа пат има заштеда од 100-200 денари максимум Е сега со виолета бр 4 ми излегува 799 денари за 70 пелени џамбо пакување и ако поделам една пелена ми доаѓа 11.4 денари и ако помножам по 120 ми излегува 1369 денари за 120 пелени значи некаде 100 денари поефтино од бејби лове и околу 300 денари поефтино од памперсот а не плаќам пат воопшто и тоа ми е најефтината варијанта