Во еурофарм има 6ка премиум кеар, вчера проверив. Пакување со 36 пелени е. Не прашав цена, ама ги видов каде стојат. Ако се иста цена како другите, над 20 денари излегува една пелена. Гаќички памперс има 7ца кај нас?
Ве молам за мислење ваше кои се подобри? Pampers active baby, Daipers ili Pifies? Бројче 6 ке ни треба
Знае ли некоја што даваат во еурофарм со памперс премиум на маж ми му рекле да ги чува сметките ама не препрашал за што да ги собираме што даваат .
Мајки да не знае некоја каде можам да најдам вакви пелени барав во Веро и на неколку места неможев да најдам нигде од 3-6 кг и некоја препорака за добри пелени таа големина и на кој продажни места ги има , бидејки пробав неколку вида пелени ама кај бутчињата пропуштат. И доколку некој имал искуство со памперс 2 обичните од 4-8 кг да сподели искуство, ме интересира разликата од тие 3-6 и овие 4-8 бидејки ги класифицират ко 2ка и двете .
Тестирав со Premium 3ка ноќва, и конечно не проби. Дури околу 3часот помислив да ја сменам, ама си велам ајде ќе осгавам до изутрина да видам како ќе се покаже. 10 часа издржа, ултра тешка и полна беше утрово ама не беше влажна. Одлично Бебе инаку околу 5.5 кг За преку ден останувам на хипп, 2ка сеуште, супер се баш се лесни и не мирисаат како Памперсот
@WonderGuurl мојата е околу 7,5 кг,користам 3ка премиум,не пропуштаат и по 10-12 часа.Тешка е да,дури и линијата избледува,но не истекло никогаш.
Бројките никогаш не одговарале со килажата на синко. Секогаш носи пелени за повеќе кг а тој реално нема толку. Висок е и бројка за негова килажа му е кратка. Неколку пати актив бејби му протекоа ноќе. Преполни. Ке пробам со премиум кеар. Ако и они протекуваат, не знам што ке правам.
И ние исто, пример ако синко имал 10ипол тогаш сме почнале со пелени што почнуваат од 11кила,сега синко има 12кила и ги користиме 5ка памперс гаќичките. Досега не ни пропуштиле воопшто, само еднаш кога беше премногу искакан,, пробајте ги еве сега има некоја акција во зегин 990ден и гратис 3чашки му дале на мм
Само 5та се на попуст или? Пошо и јас користам гакички, полесно ми е за менување, а и не ги одкопчува сама и не и се олабуваат кај мешето горе.
Од стаклените чаши? Ако можеш сликни ги А и дали важи во сите зегин аптеки? Колку пампера гаќички има за 990 ден?
Да стаклени чаши 3, убави се со карс, 66пелени за 990ден,не знам дали е во сите аптеки зегин, ова во драчево е купено, мм беше прееска случајно земал.
ив Во сите зегин има попуст, одма го пратив мм да купи. Можеш да бираш меѓу стаклени чашки или кутија за храна.
Мене ми понудија плус стаклена чаша со цевче и таа ја земав со мики маус зашто другите фрозен беа останати.
Во еурофарм има акција исто така, гаќички или памперс пелени гига пакување. За сметка над 4990 добиваш очила за сонце од некој бренд на Б. 6ка гаќички има 60 парчиња за 999 денари. Синко има околу 12 кг а висок 83 цм и користам 6ка, и гаќички и памперс. Еурофарм имаат одличен поврат на пари, за три месеци се што пазариш ти се собира и добиваш пари кои може да ги искористиш за било што. Кога купив пумпа медела, нека сум потрошила се на се 6000 за три месеци, сигурно не повеќе, имав 400 и нешто денари поврат. Во зегин од цела година купување памперси витамини итн добив сапун дав и кашичка холе. Затоа предност има еурофарм.