Вo еурoфарм 3ка пелени 90 парчиња беа 399 ден (акциска цена). Видете си дали има уште, тие штo сте 3ка.
Во Зегин има акција на Yes пелените за 249 денари 2ка 3ка и 4ка. Тие што ќе ги пробате споделете искуство.
Здраво Едно прашање Ве молам Дали од памперсот 1 до 2 има голема разлика во големина? Се мислам и не сум сигурна дали се мали па да не се зезнам ако земам пак 1.
Здраво на сите Моментално користиме Виолета бр.6(16кг+). Бебето е 19 месеци но е крупно(92 см/13 кг). Засега се добри но кај и да е ќе треба да ги смениме за поголеми. Виолета немаат поголем број па искрено ме плаши помислата што ќе правиме кога ќе ги надрасне. Дали има пелени кои имаат поголеми броеви, како за крупни бебиња ?
Јас имав земено едно мало паковање памперс 1 кога се роди бебе, околу 20 пелени мислам дека беше. Само што го истрошивме продолживме со 2ка и колку што се сеќавам не беа многу поголеми. Мое мислење е да земете 2ка од старт.
Се зависи колкаво ќе биде бебе ,јас користев првиот месев дена 1ца ,после сменив на 2ка . Сакав да прашам акцијата во еурофарм за собирање фискални е само за премиум или и за актив драј ?
Јас користам памперс 6ка и не знам што ке правам кога ке ги надрасне. А синко е доста понизок од твоето, 83 цм е, освен ако ти не си напишала 92 наместо 82. Кои пелени има 7ца кај нас?
Мамички и идни мамички, само сакам да ве информирам дека памперс премиум 1 (54 парчиња) во Еурофарм е 499 денари. Прв пат купив, па само со ДМ успеав да направам споредба и таму чинеа 625 ден., што не е мала разлика.