Ем влажно, ем се нафрла бебе од Слипи. Многу ги фалат, ги зедов колку за проба но нас не ни се погодија.
Јас па ги читав ептен ги фалеа, затоа реков да пробам ама ќе ве послушам, ќе си купам пак памперс. Фала ви
Добра ли е лизгалката која ја даваат во Жито со 4 пакувања памперс? Знае ли некоја која е цената на памперс гаќички во Жито?
999 денари се сите Giant пакувања.Завчера купив. Ама акцијава им трае мислам само еден месец за лизгалка. Провери па пиши. @mamaJana Вчера земав од ДМ pufies pants. На попуст 424 ден, 46 во пакување. Јас 4-ки користам. Синоќа ја пробав. И издржа без проблем 12 часа. Сабајле полна пелена, дете суво. Незнам каде ги има на друго место. Мене ми се свиѓаат. Тенки и плус се sensitive.
Фала. Па секако би купила по две кутии памперси обични и гаќички. Кога има попусти купувам залихи. Во рамстор беа 999, сега 1160 се.
Во Ramstore се изгор. Во Жито редовно се 1130. Инаку пази какви земаш. Мене comfort од Сегин ми протекуваат. Земај што стои 12часа
Важи. Се надевам наредно лето ке ја користи кај баба и дедо. Ги гледав по продавници се по 1500 па нагоре а јас памперси секако му купувам.
Овие лево се comfort. Мене ми пуштаа. Цела кутија. Другиве десно не. Тие се за 12ч. Кутијата е иста, само намената е поинаква.
И јас и фрлив мерак Која цена е 5ката со 90 парчиња во жито? Ние пред 2ипол месеци купивме памперс и земавме проодувалка и се изнаигра малиов. Да ја брмчи, не да оди ама добро,интересна му е. Сега таман дотрошуваме залихи од пелени,може нова тура да земеме и да не се замараме до нова година
Не сум ни знаела дека има два типа. Фала многу. Јас гаќички за преку ден ставам, за ноќе класичен памперс.
Јас гаќички му местам додека он стои, полесно ми е така да го облечам и да бега. За памперс мора да лега и ми бега. Која бројка? Во рамстор 6ка со 56 пелени е 765 (со поени сметано). Ама во жито има лизгалка, затоа од таму планирам да купам ако е убава лизгалката.
Да, да. Кој ги измислил спас ни дал Јас некогаш успевам да и ставам обична ти викам. Затоа стално сум спремна со две пелени. Која ставам таа е Обично со поткуп ја менувам обичната. На пример со привезок за клучеви седи како бубачка мирно