Со првото најдолго дајперс ги користев. И со второво цела година ги користев, ама во последно ептен почна да се нафрла на грбот односно над казето точно кај пелената што се затега. Сменив со бејби л и еве веќе 3 месеци сум презадоволна
Памперс премиум се ок, ама мирисот не можам да го поднесам, мислам дека ми е врежан во потсвеста колку ми е непријатен. Виолета ни беа многу крути, во неколку ситуации и пропуштија.
Јас немам ДМ овде, но прва прилика во држава со ДМ ќе ги пробам. Дали некој ги има користено пелените нивни за пливање што се?
Сите се 829. Само 5ките се помалку во пакување. Нз колку точно. 72 биле, сега видов. Да. Не се дуваат само. Инаку се онака, шознам...
Дали некој ги има користено молфикс и ккао сте задоволни? Ние еве прв месец користиме памперс па не знам дали да пробаме да смениме нешто поевтино а добро?
Од Sleepy пелените има 1 во Зегин или од 2 почнуваат ? Јас барам ама некако неможам да најдам, па да не сум во заблуда дали и воопшто има 1 во Зегин.
Пред околу 2-3 месец јас купив 1, 80 во пакување. Само имај во предвид дека за разлика од Памперс 1 се помали. Sleepy 2јка се како памперс 1от..
знае ли некој дали има puffies пелени во Прилеп, каде може да се купат? или други 5ки што се како гаќички, а да не се памперс.. ? фала!
Не знаев дека нема рамстор во Прилеп. Пуфис гаќички имаш во ДМ. Мислам дека слипи има гаќички, во зегин се продаваат.
да, за жал нема во Прилеп ни ДМ ни Рамстор има зегин, ќе побарам од таму слипи. макар што за помалата зедов и ми се нафрла од нив на жешкото, порано ко поубави да им беа нешто ги имаат сменето
Кои ги користевте за новороденче и кои се најдобри? Една комшика сега што се породи ми ги препорача на виолета пелените, и земав такви за почеток, ако ништо друго за во болница ќе завршат работа.