Јас го пратив во ДМ по Бејбилав 1 затоа што Памперс 1 му беа големки, тој доаѓа со Бејбилав 0 што се за до 3 кила бебе, а нашево 3060 е родено... Го пратив да ги мења после...
Јас со свои очи видов 7ца. 99% сум сигурна. И мене ми е најубаво кога пазарам сама. На маж ми му е глупо да се распрашува и да се расправа. @Lepoticata премиум кеар 6ка се за 2 цм поголеми од памперс актив бејби.
Мажи значи сите се исти... Пред некое време го пратив за мене да купи далерон-парацетамол таблети се врати со сируп далерон за бебе па и вели е ако де наместо една таблета ќе си испиеш еден шприц сируп и готово Битно се снајде
Па да ти кажам, 2јка и 3јка по едно големо пакување (плус гратисот) искористив и ми немаа пропуштено, и убаво и легнуваа како моделче. Али преку ден ги ставав, памперсот навечер. И сега 4рка си земав за на залиха да имам, дека вака кога одат со гратис се исплати за парите(доаѓа негде околу 6и нешто ден пелена). Али кога би немало гратис попрво babylove би си ги земала.
Хехех ти што не му рече нареден пат за тебе ќе ти дадам 4 шприца место 1 апче Али мораш да му простиш, гледаш бебче му е прво во мисла
Не ми кажувај, јас од таа заборавеност на моменти се осеќам како три деца да имам по три раб ќе го пратиш, една ќе заборави
Pampers pants број 7 има 100% во Зегин. Е сега од аптека до аптека дали имаат во моментот, ама може да порачаат. Јас досега користев премиум 2ка, ама 3ката скоро дупло поскапа, па купив и виолета. Внатрешноста на виолета за почеток ме бендиса памучна мека, за разлика од слипи кои не ми се допаднаа баш, не беа баш меки.
Извини мислев за гаќичките се работи. За премиум кеар јас мислев дека нема ни 6ка, т.е дека се до број 5.
Па и јас babylove многу ги користам, ама немам ДМ во мојот град и морам алтернативи да барам. Кога одам за Штип од ДМ им ги празнам рафтовите со пелени и АД. Ама пелени немаат многу залиха и тие секогаш по 3-4 пакувања максимум од секоја бројка.. И така останувам без пелени и земам Sleepy. Aма како што викаш овие canbebe навистина се исплатливи со акцијата и затоа и јас ги земав, 4ка се 80+30 пелени за 759 ден. Гледам добри се, ќе одам ќе натрупам залиха и од Зегин ќе го испразнам рафтот.
Земав и такви од Зегин, акција имале 250 ден пакување од 50 пелени. Ги пробавме денес не се лоши ама и не се многу издржливи. Јас пелени менувам на 3 часа, овие таман толку држат, некогаш ако сменам пелена во 17ч ја оставам до 21 ч. Сите што сме ги користеле издржале, издржаа и овие ама не апсорбирале целосно, газето му беше влажно.
Фала ти, баш ќе пробам со премиум 6ка. А 7ца гаќички од памперс, 100% има во Зегин кај Тобако 2. Ама за навечер не сакам гаќи, сакам памперс, баш дека гаќите како полутанга му стојат на газето. Фала ти, ќе пробам со Пуфис и Слипи. Син ми има многу дебело газе, и ете облека што носи е за 3 години. Затоа и 6ка пелените му стануваат мали. Памперс 7ца постојат и од обичните, и од гаќичките, само кај нас во МК ги носат само гаќичките. И исто постојат памперс за навечер, ама и тоа не го носат кај нас. Не знам зошто...
Да да, за гаќички знам, пред неколку дена прашав во зегин. А 99% сум сигурна дека во еурофаем видов премиум кеар 7ца. Најмногу ме зачуди тоа што премиум кеар 6ка се за 2 цм подолги од актив бејби 6ка. Најскапи се ама и најубави. Сменив неколку типа и не сум задоволна како од памперс. Кај нас ништо не носат. Синко е висок, а не е буце. 6ка му е сосема добра. Има 14 месеци, што ке се прави до наредно лето додека да остави пелени?
И ќерка ми носи гардероба за 3-4 годишно дете. Дефинитивно пробај Слипи 6ка, купи едно мало пакување за проба, мислам дека ќе му одговара. @MilaSs12 нема да порасне толку многу ако мислиш дека ќе треба друго бројче После една годинка тоа бројче што го носите најчесто го носат децава до одвикнување. Но пробај и друга пелена, тврдам дека Памперс како фирма имаат потесни гаќички.
Пробав бејби лов, пуфис и не сум задоволна. Премиум кеар се добри, доста се високи, ке продолжам со нив. А гаќички ке земам 7ца, ама со повеќе слоеви не се веќе практични.