А колку кг имате? Ако сте 2100 земи од 2-5, ама ако сте 2600 земи си од 3 до 5. Кан бебе има 2ка од 2-5, Пафис, Памперс, Нанис ... Ние после долго трагање и проблеми да им се погоди на двајцата веќе месец и кусур користиме Пафис и сум презадоволна. На прв поглед не се разликува нешто многу од Џан бебе ама каде/ каде подобри се.
Има сиурно за новородени мали броеви , Искрено мене ми се ефтини овие од ДМ порано користевме Памперс ги плакав 22евра одприлика џамбо пакет 84 пелени А од Дм ми се 11 евра 84 пелени исто џамбо пакет разликата е што во Скопје во тоа Дм беа поскапи пелените , испагаа некаде 15 евра
Земав канбебе од 3 до 6 кг вака и се таман се надевам нема да пропуштат.Земав и влажни на канбебе таа ми ги препорача па ќе видиме
jas vcera kupiv pampers sleep and play i mozam da kazam deka se super, ne propustaat a mirisaat na kamilica. 590den 58 komada. Se izvinuvam za lat od mob pisuvam
ние преминавме на pampers premium care.газето му беше многу потпарено и дека демек со памучен слој. а иначе и овие се убави п.с. за газето ништо не ни поможи освен масло од кантарион.
За мамичките со искуство, дали сте ги пробале Puffies пеленките и колку сте задоволни? Сеуште е рано за мене но почнав да правам маркет рисрч и според математиките овие се доста поефтини од другите. Доага по 8 денари од пеленка + има за нвороденчиња. Како за прв пат дали има врска кој пелени ке ги земам или не е битно седодека се од 0+ ???
Добро утро маимчки. Во врска со пелените да ви кажам, кој/а е во можност ако иде Грција, на одмор или поминување, нека помини во Маркетот MAKRO, го има во сите градови на Грција само е маа мааалку понастрана од градот и треба да се праша каде е точно, има до сега најдобри и најефтини цени за сите видови на пелени, последен пат пред 2 дена земав Памперс Симпли Драј оние портокаловите, 1+1 подарок, за 5 евра, јас земам бр.3 за син ми и внатре има 30 парчиња + 30 значи 60 пелени за 5 евра, тоа мислам дека никаде го нема.Поголемите вроеви имаат помалку пелени, бр.4 има 24 пелени. Има исто така и Памперс Актив Фит зелените, 64 пелени се, јумбо паковање големо, 50% попуст имаат 7.8 евра се и тие исто така се многу ефтини, така да еве еден совет на сите оние кои сте во можност или случајно доаѓате во грција барајте го тој Маркет на големо работи повеќе со фирми, кафичи и продавници земаат на големо, ама може и на мало да се зема. Поздрав имајте убав ден
Калиас ова да не е само некоја промоција или секогаш во Макро се толку ефтини пеленките? Да не сличајно виде дали има за новороденче? И дали е тој Макро што е до Карфур?
Леле многу се извинувам, не во МАКРО туку во МЕТРО, грешка во пишување, значи во МЕТРО се толку ефтини пелените и тој е во соработка со Карфур, да, пишува Cash & Carrie исто така, ама го има само андвор од градот. Ги има за сите возрасти од бр.1 за новороденче па до кој бр.постои натака, значи за сите броеви трае промоцијата и е единствен Хипер Маркет кој има толку добри промоции на пелените, ги имам обиколено сите Супер Маркети затоа што живеам во Грција и никаде нема толку ефтини пелени, секаде се истите дупло или тродупло поскапи
Па зависи од кои пелени сакаш да земеш, немаат сите бр.1, освен Pampers, на нив пишува Newborn, од 2-5 кг. Можеби и некои други имаат бр.1, ама не сум видела.
Јас на почетокот користев Памперс, но бидејќи се малку скапички се префрлив на Becutan. Не успеав да ги потрошам бидејќи многу пропуштаа, па земав Daipers, но некако не ми се допаѓаа, знаеа и тие малку да пропуштат. На крај ги купив Canbebe и сум презадоволна од нив
изгледа како ке се погодат, еххе ние пак почавме со канбебе, ги користевме до кај 2м, ама мн ми пропуштаа и полнавме да користиме дајперс и сум презадоволна супер се, му стававм пелена кај 19ч и му ја менувам кај 7-8ч кога ке стане и нема ни капка настрана, а пелената е претешка само некако во последно време чудно ми мирисаат пелените како на лепак некако
Калиас фала ти за инфото, маж ми таман ке оди за Солун во вторник или среда па му кажав ке помине од Метро, само ке треба да се прај на тошо пошто нели таму даваат на големо само за фирми хаха цениве што ми ги кажа 5 евра стварно гага, ке му порачам да купи 4 пакети. Само не знам која димензија?? Вагда тие што се од 3 до 5 кила...тнх