Јас користам слипи 2 а сега сме 3400гр؛ Презадоволна сум нит прокиснале нит потпариле дете؛ Има џамбо пакување ние тие ги земавме и каде и да е ќе почнеме со поголеми 3
Женски бебе е 4500 и е скоро 2 месеци, користиме памперс премиум ама прескапо ми е веќе. Колку се бејби лове од дм 1 или 2ка незнам што ќе и треба и како сте задоволни?
Што се деси со Виолета? Ужас се. Земав и поголем број пак прокиснуваат. После цела година користење, ги сменив.
@Hope 28 бејбилав се 829 ден... Тројката се од 4 до 9 кг.. За помалите не знам. Инаку има 92 парчиња во јамбо пакување.
Здраво Мамичкии, да ми предложите пелени за новороденче. Се мислам помеѓу пампер премиум или бејби лове, што ке ми предложите вие. И која величина треба за новороденче, која цена се? Неискусна сум па сега барам мислења и искуства за све. Туферчиња влажни марамици тие мислам на бејби лов да ги земам. Козметика за бањање чико или мустела. А за мачкање на телото во прво време ми рекоа со јекодерм само.
Јас користев памперс премиум на почеток, убави се. Бр 1 ќе ти требаат, не памтам баш за цена околу 500-600 ги земав мислам, ама и зависи од големината пакувањето. Марамици до денес си ги користам на виолета 99%вода белите. Според мене нема потреба со ништо да се мачка кожата бебешка, освен ако не е премногу сува. А и против многу хемија сум општо. Јас додека беше бебе ставав само бекутан шампонче по една капка во водата, директно на тело не ставав.