Јас користев памперс премиум кеар, сеуште користам и презадоволна сум. За почеток мислам дека премиум се најдобри. Секако, постои можност да не се погодат, да има осип ама тоа ке видиш откако ке ги пробаш. За почеток земи 1ца, мало е пакувањето, брзо се троши. Првите две недели добра ке е 1цата, потоа ке видиш и сама кога ке е време за 2ка. Не прави залихи, брзо ги надраснуваат. Влажни марамици би ти препорачала виолета 99% вода, најдобри се. Други марки со 99% вода се суви, не мирисаат убаво итн, а скоро сите ги имам пробано. Козметика веледа, органска и прекрасна. Нежен мирис, од невен е, сеуште ја користам за синко. Иста цена се со мустела со таа разлкка што мустела е хемија. Јас јекодерм не би ставила на бебе, па не знам што да е. Грд мирис, плус таа крема се користи за изгореници. Земи си гел 2 во 1 од веледа, крема или лосион, плус можеш и масло да ставаш во водата. Павловиќева користам за пеленска регија, ама по долга дискусија, објаснето е дека содржи состојки кои не се добри. На тебе е одлуката, јас ден денес ја користам за пеленска регија и кожата му е стакло. Плус земи си крема со цинк од веледа и ставај само ако е црвено газето. Прашај да не има останато куферчиња некаде, ептен исплатливи понуди има.
И Памперс премиум и Бејбилав се убави, двете ги користев истовремено и задоволна сум. Ако земаш Памперс премиум, земи единица, а Бејбилав двојка. Туфери земи си од Бејбилав, натопени со вода и бриши. Влажни никакви не користев, нема потреба, туферите се супер. За бањање само со вода, а и мачкање со ништо ако нема потреба. Ако се појави потреба, ќе земеш козметика. Или Веледа земи си, јас сум многу задоволна.
Се идентично како што пиша Оли користиме и ние. Со тоа што во болница ни рекоа дека има доста сува и чувствителна кожа, да користиме козметика соодветна за таква кожа. Ти види што ќе ти кажат, па спрема тоа ќе купиш - ќе ти купат додека си во болница. За влажни планирам само за надвор, а дома сега сме со туфери кои ги мокрам, кога ќе заздрави папочето (кое падна вчера - јеее ), ќе го одмивам со вода.
Како пампер премиум нема ниедни други и ние ги користи е од раѓање, но реално после 2лата цената е доста висока... имам пробано и бејби лове и пуфис мене искрено пуфис ми се допаѓаат повеќе од бејби лове. За бањање коридтиме купка од веледа и лосионче за сува кожа, но ако си има нормална кожа не мора ништо да мачкаш како што ти пишале и другите.
Да, секако и се бањаме, ама дека со каки, па да не отиде кака напред (некако)... уште неколку дена да му заздрави убаво, па ќе се миеме
Molfix пелени ми се најдобри мене и многу слични на Pampers Иначе Памперс во ДМ беа намалени 859, не знам дали сеуште трае акцијата.
Бејби лав, памперс, бекутан сите пропуштаат. Не знам на детево како да му го наместам курето, нон стоп мочките нагоре пропуштаат накај кичмата и пелената само горе се полни. Ова ептен проблем со машко дете.
Јас курето му го местам нагоре ама не пропуштаат пелените. Ние сме 13 ипол кг. користам Памперс 6 од 13 до 18 кг Да пробаш со бројка поголем памперс јас така се правам Колку кг. сте кој број памперс користиш?
Курето надоле, кога му го ставав нагоре ми пропуштаа сите пелени И види за поголемо бројче, јас не чекав да направи 7кг за да му земам пелени што почнуваат од 7
Бејби лов купив и задоволна сум. За спиење ставам премиум кеар ама прескапи се за постојано, 20 денари е пелена. 6ка бејби лов е за 5мм поголема од 6ка премиум кеар, а 5+ е за толку помала.