Зошто вака? Да не не му одговара бројчето? Ниту еднаш на моево не му протекле Бејбилав и Памперс премиум, ги користам од само раѓање. Ноќе некогаш не му менувам пелена ако не е какан, 12 часа издржуваат,преполни се наутро, а тој е сув.
Не знам, мал е ептен, 3 недели има. Бројчето е таман, ама ете сите протекуваат зошто како и да го наместам курето пак нагоре му моча со девојчето немав вакви маки.
Бејбилав двојка користиш? Единицата се многу мали. Е со девојче друго е, нема што да местиш Мести му го нагоре курето, од долу нагоре убаво фати му го курето со пелената за да стои нагоре. Инаку гравитацијата го враќа
Дали се исти бројките на памперс актив со виолета и бејбилав и кои се подобри? Сакам да ги сменам памперсот да пробам едни од овие
На синко памперс актив 6ка му е мала, а премиум кеар и бејби лов 6ка се таман. Дури 6ка бејби лов е за нијанса поголем. Вака одат со големини, 6ка актив бејби, 5+ бејби лов, 6ка премиум кеар, 6ка бејби лов. Бејби лов се топ, ама за ноќе ставам премиум кеар.
Jas i ikoga mu go nestam nagore koga go presoblekuvam sleden pat pak e nadole retji kog aostanuva kako sto sum go namestila i togas pelenata e samo napred i visokoto mokra a nadolu i pozadi suva ....
Искрена да бидам можеби и сум прашала но сум заборавила,мали е 2 год. ако ти е потребно ќе прашам Исто и курето пред годинката треба целосно да му се отвори на бебе нас на три пати т.е на три прегледи во Систина ни го отворија најдоцна додека бебе направи година
Исто и ја да се пријавам секое менување на пелена е менување бенкица, маица, панталони, чаршав и подлоги за да не пропушта и бебе гладно што вришти. И бејби лове и панперс премиум се ми пропушта Па на лекар рекоа куре нагоре не знам надоле дали може
Курето и надоле да го наместев пак се креваше сега земав бекутан ги користам од Систина што ми ги дадоа, по крути се па еве не пропуштиле. Инаку дома сме перална, се пере нон стоп. Бљуцка, кака мочка све е хаос. Го бев заборавила све ова.
Да не ми сушеше машината не знам што ќе го облакав. И јас имам дома Бекутан од ремедика. Што викаш ќе ги пробам и нив. А најјако ми е ќе го земам и супер не е помочкан т.е. пеленката си е полна таман и дури му ја менувам пелената почнува да мочка и бенкицара утоп...па ајдее пак преслакај
Може дека платив уште 300 евра плус за еден ден имаше пелени цел сет на бекутан креми шампон марамчиња, торба и ваучер за попуст на електрична пумпа на медела.
Е, баш ме интересира зошто курето треба да се крева нагоре. Кого и да прашам нема објаснување. Он топик: Памперс премиум ги почнавме и тие ќе ги користиме и понатаму. DM не се токму, за околу 100 ден. повисока цена се кај нив.
На моево и надолу и нагоре да му е, не му пропуштаат Бејбилав и Памперс премиум. Во Ремедика секогаш ми велеле нагоре курето освен ептен мал кога беше. Сосе тестиси треба да се мести нагоре, не само курето. Последно кога бев, особено внимание посвети докторката да ми покаже како да го местам за да не оди надолу курето. Нешто со вода, течност во тестиси ми спомна, затоа треба нагоре. Не запомнав точно зошти, но откако правам така, не му е надолу. Едит. Во Ремедика добив ДВЕ пелени Бекутан
Бидејќи најчесто машките се раѓаат со водена кила на тестиси. И таа се повлекува кога се дигаат тестисите нагоре а не курето. Со самата пелена да се подигаат нагоре секако и курето ке е нагоре но акцентот на тестиси да се стави и после месец два си се повлекува. Вака ми објаснија и за првиот а и сега за вториов син истото Но пупаче непаднато,превиткана пелена пропуштаат и кај мене премиумот. Но секоја им чест како фонтана на секое преслекување се
Досега бевме на Рampers premium care 1 и сме презадоволни. Ама бебуш е веќе над 5 килца мораме да земеме од 2. каде се најисплатливи? И по колку се во пакување?