Леле баш ќе прашував за алергија од дајперс...кај мм во тел е сликата, 2-3 дена ги користам преку ден, денес беше исфрлен према нозете и во делот помеѓу куре и газе...никогаш до сега така не се исфрлил..значи од пелените е? Едит инаку топла препорака за Бејбилав пелени...кај моево не пропуштаат ни после повеќе од 12 часа
Да одма се нафрли со ситни брунчиња и да видиш како беше црвен како обоен од таа течноста. После на виолета сменив се смири. За навечер да пробам со бејбилав да видам дали ќе издржат, неколку пати го начекав воден до горе. И тој прета јас спијам и му ја клавам само цуцлата мислам за да се смири и да си призаспија, то кутрото водено до врат. Их го гледам сабајле за гревојте .
Значи сум пишала дека сум задоволна од yes baby ама сакам да го сменам мислењето еве два вечери со ред ни пропуштат многу , тешко за ефтини пари да добиеш добар квалитет... Не сум задоволна досега од violeta,diapers, yes baby, can bebe , baby love, сите ги фалат ама нас ни пропуштаја...Не знам стварно кој да ги земам сега.. Ги фалат Molfix,ама не знам кај да ги најдам ,тие што сте од Скопје, Куманово пишете каде можам да ги најдам ..
Не знам дали има поинакви, на овие што ги земам пишува премиум. Шарата не е ни важна според мене, не гледај тоа, важно да не пропуштаат.
Малиов ми носи 4ка пафис. Сега за сега најдобри ми се покажаа. Инаку дм ги расипаа. Какви беа пред 4 години и сега врска немаат. Користев од почетокот и кан ,бејби лав, пафис , дајперс, деф пафис 4 му се топ дека гел ич немаат. П.с. у фреш маркет не беа ни 500 денари џамбо пакување.
Од 5ка БЛ мало пакување беше само овој тип на рафт, 36 пелени за 469 ден. Значи 36+36=72 = 469+ 469= 938 ден Џамбо со 72 пелени е 829 ден
Ако некој собира фискални од Зегин за sleepy а сака да се откаже, дли мозе да ми ги подари фискалните. Ми фалат околу 2000 денари Воедно, ако се откажам ќе пишам на форумов и исто ќе ги подарам. Поздрав
За ништо не ги бива крути се премногу и за разлика од обичните бејбилов 3 овие се поголеми и доста дебели
Чим сите ти пропуштаат нешто не правиш правилно. Провери дали ги местиш убаво. Јас ги користам Минис од Рамстор и веќе скоро цела година немам сменето за син ми. Дали 6-7 пелени до сега му имаат пропуштено. Немора да значи дека е стално до цената. Памперс и Дајперс се од поскспите ама ич не сум задоволна ни од едни ни од други.