Девојки ај препорака за пелени за новороденче терминот ми е во декември па се спремам полека би ми значеле препораки
Според вас кој се најдобри за новороденче, и колку кутии да се купат единици, за почеток? Да не се оди по сто пати, ве молам за искуство.
Да 3ка е од 3-6кг 1 обично е за предвремено родени најмали пелени за бебе од 3кг па нагоре немаш потреба толку мали да земаш
И јас сакав да прашам за нив, искрено не знаев дека постојат и мене ме привлече цената ама не би ризикувала, што ќе им правам на 80парчиња ако не чинат?
Бејби лов и памперс премиум кеар се најдобри. Кутии не, кеса по кеса купувај. Земи 2 најмногу 3 пакувања, брзо ги надраснуваат. Бејби лов и памперс премиум кеар. Бејби лов има специјални за предвремено родени. 1ца е океј за почеток, секако се подвиткува кај папчето. Синко е над 4 роден и добри му беа 1ца некаде две недели.
Над 4 кг. а 1ца му ставаше две недели, така? И колку ќеси-(од големите), да речеме требаат за 2 недели?
Зависи од калапот на бебето 2ка ни одговараа од почеток до 4 и пол кила кога направи морав 3ка да земам 2ка кнап му беа ептен над газот и курето му доаѓаа лепенките многу се издолжи и му пропуштаа па моравме на 3ка да преминеме
Леле, така ќе не знам што да правам, хахаха. Ама ќе видиме ајде има време битно да имам во предвид. Ај друга работа, дека имаш машко бебе, кај курето нешто посебно треба да се мачка или става или не?
Да, сум можела и 2ка, не е некоја грешка да земеш и 2ка ако е покрупно бебето. Ама на почеток ги виткаш додека да падне папочето, затоа и 1 е океј. Во просек 10 пелени дневно. Какаат по 5 пати дневно а некогаш само што ставип пелена слушаш трт.
И јас брзо сменив 2ка и 3ка, у буце и долг беше синко. 1ца почнаа да протекуваат па ми текна. И двојка исто. А на око велам ке тера.
Памперс премиум единица и Бејбилав премиум двојка за новороденче над 3 килограми. Од двете сум задоволна, ниту му протекуваа ниту го стегаа.
Јас почнав со Памперс премиум,после некој месец продолжив со Бејби Лав. Од двата вида сум задоволна. На почетокот трошев по 1 пакување (54 пелени) за 1 недела. Купив едно пакување број 1 пред породување, уште едно откако се породив, на мекици добивме 2ка, па таа беше за третата недела Така да 4 пакувања во 1 месец потрошив.
За новороденче бејбилов 1 имав земено. Се роди 4400гр, убаво напредуваше и пак му беа таман цели 2 недели. Планирај од 8 до 10 пелени дневно се трошат кај новороденче.
Супер се , тенки. Впиваат. Само еднаш ми има пропуштено поради неправилно наместена пелена. Помеки се од бејби лове а инаку слични доста.
Цената за бејбилов3 е 429 денари,а џамбо3ка е 829 не е некоја голема разлика во цената се разреши дилемата