Мајки хелп, ги користиме памперс премиум 1 за синко но после секое спиење сме утоп мокри и тоа што најмногу ме чуди е што некогаш пелената е сува а он во грбчето е мокар. Што би можело да биде проблемот? Пелената ја местам и напред ја свиткувам кај пупачето. Инаку синко има неполни две недели.
Најверојатно му се мали или неправилно затворени. Обидете се со 2ка, за 3-8кг мислам беа. Кога почнаа да ми пропуштаат преминав на 3.
Па шознам таман се некако, како се гледа дека се мали? Јас по 2 ставам (вториот обратно). Тука читам 3ки почнале веќе со таа килажа па се замислив..
Чим ти пропушта, сигурно и доаѓа веќе пониско позади и напред кога ја соблекуваш е како смкната надоле под пупето. тоа што ставаш 2 е жива глупост!
Денес купив Пуфис 2ка пишува од 4-8кг дека се но во споредба со бејби лов3 се помалечки...ако некој што користел бејбилов 3 а сака да проба пуфис исто 3ка нека земе зошто овие стварно се малечки
Така во Систина ми кажаа за двата памперса кога ми правеа обука, исто и Симонида..Нз дали да престанам или да чекам ортопед да ми каже..Како и да е ќе земам 2ка памперс да пробам.
Зошто си трошиш памперси во еурофарм има пелени за широк повој на лепенки е и се перат ќе ти завршат ептен работа особено ако го возиш во транспортер си ја пополнува дупката дека пелената е дебела
За мирна глава стсбај, ама не дај боже да треба, никсква пелена не е доволна. Не е работата нозете да се раширени, туку и кренати.