дали памперс премиум 1 со 52 парчиња за 520 денари е добра цена или може да се најдат некаде и за поевтино?
супер, фала ти. јас па мислев најдов добар дил за 520 денари после шетање во дм кадешто беа 605 денари, што им е!?
Како сте задоволни од виолета и кое бројче зимате за дете од 5кг? Користев бејби лов 2 пропуштаа од страна ај сменив на 3ка поголемки тие ми пропуштаат доле до мене ли е до што ли е само пресоблекувам
Јас ги користам скоро месец дена веќе. Супер се сега за сега. Вччера од што многу се успа дури 12ч беше со иста пелена не пропушти. Абеше преполна инаку син ми е 7.300кг. користиме 4ка . Сега скоро сменив број. Мислам 3ка таман ќе ви е, зошто 3ка уште го собираат си немсвме никаков проблем но со 4ката покомотен ми е и високи се нагоре баш ми се допаѓаат @mal.ecka дали си приметила како да се потенки или мене пакетот ми се погодил така? Супер се не пропуштаат но мислам претходните неколку пакети како подебели да беа
Јас сим презадоволна од Виолета веќе 9 месеци ги користам..види си на интернет според килажата и ке видиш кој ти одговараат
По мене, Виолета ми се втори на листа, калапот им е малку поголем од другиве пелени, пример од Памперс. За 5 кг мислам добра ќе ти е 3ката. Им диши кожата во нив и се без гел, што е супер.
Мајки во ДИМ маркет има пелени Молфикс 1+1 319 ден во едно пакетче во 6ка има 24 пелени. Во другите бројчиња не видов но има повише сигурно. 48 пелени за 319 ден.
Мене ми немаат пропуштено до сега да не лепиш нешто погрешно. Убаво ги затегаш лепенките? Моментално 3ката ја користам он е исто негде 5ипол кг отприлика.
Се оправивме првите неколку пати пропуштија сега од време на време, курето се на страна му стои и на едната страна знае утоп да се направи
Ооо ја не видов кога си пишала мислев денес Епа супер чим сте се опрајле. Ја зимам од тие портокаловите наводно некоја нова технологија што ја распоредувала мочката и стварно пелената убаво се полни ако не ги зимаш тие земи ги. Ја таква голема кутија купувам Бонус: Во Пегла зградата Кисела влда има дм на секое купување даваат купон со 15% попуст ептен се исплатливи
Има некој искуство со Пуфис пантс и бејбилов пантс? Гледам дека со килажа од 7кг се па веројатно и по практични
Пуфис се помал калап, земи еден број поголем. А не се лоши. Ама памперс пентс се подобри. Бејби лов не знам. За мало бебе не се којзнае колку практични, подобри се обични памперси. Па и сега да го соблекуваш на секое, не е згодно.
Абе обичниве пелени додека му ги залепам по 5 пати од што се врти и со нозете нагоре надоле среќа добар лепак имаат пелениве
И јас како тебе мислев дека ке ми е позгодно, па купив гаќички. Пробај си ти, може ке ти е подобро, мене не ми беше, па се вратив на класичен памперс. Е за лето, и за поголемо бебе се закон гаќите.