Да прашам за бејбилав пелените дали има различни типови? Користам тројка и сакам да се префрлам на четворка но во битолскиот ДМ нема од јамбо пакувањето четворка и зедов единечно пакување и мн е различен материјалот од тие досега што ги користам. Како хартиени се пелените. Две недели ѕвонам и не им стигнува џамбо пакување. Можеби ќе треба и да сменам марка ако не најдам.
Виолета земав одкако ги надрасна премиум 2ката , т.е. прво со пуфис пробав добри се не пропуштија ниеднаш,но некако не ми правеа мерак па земав виолета. Меки супер впиваат навечер ако не се искака знае и 12ч да издржи преполна пелена а тој сув. Сега е околу 7.500кг користам 4ка и немаме проблем
Памперс гаќи 6ка кутија се 999, 7ца 40 пелени се таа цена. Слипи се поевтини а не се лоши. Ама не е сува пелената како кај памперс. Ти си купила еко, со памук кој не е третиран со избелувач.
Кога ги прашав зошто немаат ми рекоа од магацините од Србија што ќе им пратат тоа... Ќе треба да менувам сега пелени.
Јас за синко земав едно пакување 6+ или 7, не паметам, ама веќе не најдов. Убави се а поевтини од памперс, ама ги нема скоро никогаш, а неколку пати бев во дм. Памперс актив бејби се добри ама мали му се, кратки поточно, па мора премиум да земам.
Ќе пробам ако не и јас такви... Еднаш имав земено кан бебе, не беа лоши а на почеток бевме со памперс обичните и мн ми пропуштаа и не бев задоволна а тие премиум ми се скапи.
Не се овие тие што си ги земала порано. Овие се друга линија, натура. Регуларните се во розе ќесе ако не се лажам и на нив пишува премиум нешто. Всушност, каква е ќесата во кутијата, такво е и единечното пакување. И пак ќд ти кажам. Купувај единечно пакување. Една ќеса е 329. Во кутијата има 2 и чини 829.Значи ако земеш 2 единечни ќе те чини 658, а ти истото го плаќаш 829.
@kukla21 абе ти убаво ми велиш ама во битолското ДМ само од овие четворки има. Еве две недели им ѕвонам да прашам дали стигнале и ми велат дека нема.
Дм се крш со производите нивни. Де има, де нема, ич некако немаат добар менаџмент на залихи. Не знам што е толку тешко да се испланира.
Нашиве тука се катастрофа со менаџирање ем свои производи ем немаат на залиха,да не се трошат ќе сватам.Не е тешко, не се писмени доволно веројатно или можеби се ограничени па не смеат да прават залихи. Адаптираното млеко го немаат месец дена веќе морав да го префрлам на Хумана нивниот одговор беше ќе имало поголеми залихи од 15ти декември до сега имале проблем бидејќи ја менувале рецептата на формулата...лажги со опашки