Нашето искуство со пелени. Почнавме со кан бебе како демек биле замена на памперс, нема веза многу пропуштаа, потоа ми ги исфалија пуфис и дајперс ги земавме и тие - иста песна- секое утро утоп мокри, сега користиме ВИОЛЕТА и најдобри се не пропуштаат.
Ние памперсот,иако се најмекички и најудобни,ги сменивме за babylove. Покрути се,ама барем не е усран од сите страни секое сабајле. Памперсот ни беа добри за првите 2 месеци,после тоа,не разочараа.
Јас би рекла дека се зависи од детето, индивидуално. Додека бев бремена се изнаслушав и изначитав за пелени, кои биле добри кои не чинеле итн... Ние на почетокот почнавме со Sweet Baby, швајцарски пелени, но бебушко постојано беше мочан, секоја вечер менував постелнина. Сега користиме CanBebe и до сега не му пропуштила пелената, секако си менуваме редовно пеленче на 4 часа.
Само што се вратив од таа продавницата на партизанска за пелени. Бев да разгледам а излегов со купка и млако за тело на Џонсон и пелени Има од тие Sweet baby 20 пелени за новороденче 130 или 150 беа. Јас земав од овие другиве VIP baby. Ми дадода да ги видам какви се, ми изгледаат добор, како памперс а и на дргарка ми и дадоа sample да ги проба, и супер беа затоа и се решив за нив. И се неверојатно евтини 90 пелени за 600 денари, плус гратис влажни марамици. Сега чекаме бебуш да се роди па да ги пробаме и да видиме како ќе се покажат.
Јас не знам што се случува сите пелени апсолутно ситени пропуштаат, Памперс, Дајперс, Виолета, Бекутан, Кан бебе веќе не знам шт о дакупувам далеку даодам по пелени неможам користиме 4ка имаме 9.400гр мислите декае време за 5 ? или несто до пелениве е а К многу мрда башка и пие скоро литро течност дневно не броејќи го млекото
Па земи поголем број на пелени, очигледно дека 4 се мали. И немој да форсираш многу течности, не секогаш е корисно внесувањето во големи количини.
Само ако смеам да се вмешам со една мала сугестија. Прочитав неколку пати ако пропушта земи поголем број, што навистина ме зачуди. Прво бројот се бира според големината на бебето, детето... а не дали пропута или не. Ако го отфака лепенката околу колкот и горе на појасот значи бројот е ок, тоа што пропушта е до квалитетот на пелените или ја оставате лепенката лабаво околу колкот. Ако сакате да не пропушта има и такви кои течноста ја претвара во гел, како улошкиве, ама ужасно се скапи. Значи тоа што пропуштаат нема врска со големината на пелената, ако е за тоа земи му за возрасни и си заршила работа. Сакам да кажам дека не е препорачливо да се става поголем бој на пелена може да биде контра продуктивно и доста непријатно. На крајот на краиштата ништо страшно и да пропушти, зарем нас ни савале памперс, па и ние сме израснале иако сме биле жива вода.
strumka22 nemoze site peleni da necinat i da propustaat a kogs ke zemes pogolem broj da se ok Znaci do brojceto e normalno,neznam sto te buni tolku
Тие пелени што не чинат, нема да бидат добри од сам почеток за бебето, а ако биле добри и одеднаш почнат да пропуштаат, знак е дека треба да се оди на поголем број, освен ако не е расипан квалитетот на пелените. А може вака, од твое искуство, да ми кажеш зошто е непријатно и контрапродуктивно ставањето на еден број поголема пелена? Јас немам лошо искуство со тоа, напротив, детето е послободно, пелената поубаво лежи, повеќе впива. Иначе, сите еднократни пелени содржат гел
Она мора да исконтрира, така прави во сите теми, само контра оди. Не се чуди ништо, остави ја нека си зборува. Да прашам уште еднаш, искуства со Бекутан, Виолета, Кан бебе и Дајперс?
Сега повторно зедовме Кан бебе ама пола број поголем од редовните на пример Виолета или Бекутан би користеле 4ка затоа што сме 9,5 кг иако сметав дека 4ка е мала 5 ката е од 11 кг некаде, зедов инаку кан бебе 4 + па ќе видиме. Во однос Виолета Бекутан мене виолетата ми беа подобри иако пелената е многу слична, Дајперсот нас ни правеше иритации не знам зашто, а познавам мами кои многу им пријаат
Nie od raganje pa do sega koristime can bebe comfort dry.Znaci ne se slucilo ovie 7 meseci skoro,da mi propusti pelenata.Otkako ke si legneme,pa do sabajle edno 10 casa bebus e cist i suv.Nikogas mi se nema pojaveno osip ili crvenilo.Imam samo pozitivno iskustvo so ovie peleni,baska odat so gratis vl.maramici i podloga za preslekuvanje.Em ubavi,em ekonomicni Se dodeka se vaka,nemam namera da gi menuvam vo bliska idnina
Ќе пишам за Дајперс и Кан бебе. Од Дајперс сум задоволна, а од Кан бебе не сум задоволна. Многу пропуштаа.
Нормално дека ти немаш проблем со тоа, затоа што не ја ставаш пелената на тебе, а и како што рече, подобро впива што значи немораш да песреш. Но прашај го детето како му е кога ќе има поголема пелена мегу нозе. За да знаеш како му е треба и самата да го искусиш тоа искуство па ќе видиш дали не е проблем. Претпоставувам дека не си многу пополнета а за тебе на пр. нормална би биле тие до 70кг или бр 2 за возрасни е сега земи ти стави таква и легни па потоа стави 3ка па да те прашам како ќе спиеш со топка мегу нозе. Секоја пелена има различен капацитет и затоа ќе си земеш од поскапите кои имаат поголема впивливост, барем за ноке а не да земаш 1 број поголеми и да му се гужва на детето мегу нозе. Инаку дали ке пропушти пелената или не зависи колку детето конзумира течности.
Воопшто не се согласувам со ова. Струмка не знам дали имаш деца или не ама ти воопшто не остваш простор дека твоето мислење можеби не е секогаш најдобро. Секогаш тврдиш нешто и секогаш си во право а другите не. Мислам дека сите што имаат искуство со бебиња и пелени ќе се согласат со АНАТ. Ако одиш еден бр на поголеми пелени не значи кој знае која разлика во големина. Всушност,јас би рекла дека се случува баш обратно од тоа што ти тврдиш, на детето не му е понеугодно туку подобро му е. Е сега се разбира дека може да има проблеми ако пелените се преголеми ама обично кога се оди на поголеми се мисли на одење од 4 на 4+ или ако килажата била од 7-9 да се земе 9-11 или така нешто.
Прво не тврдам дека моето мислење е нај правилно ниту настојувам некого да убедам, во темава имав само 1 пост и една реплика, што мора да признаете дека не е ниту настојување ниту убедување туку само изнесување на свој став и мислење кое е поткрепено со искуство и што се однесува до памперсите за деца и за жал памперсите за возрасни и многу доберо знам како функционираат. Инаку да ти одговорам на прашањето, немам деца(свои) но тоа незначи дека не сум имала искуство, како што реков и со едното и со другото. Прво мешате 2 поими пропуштање, и недоволно впивање. Пропуштање е ако пропушта одозгора кај што е најлонот и тоа значи неквалитет, додека протекување од страна, значи или дека е лабава лепенката околу ноџето, или е слаба впивливоста. Во повеќето случаи се работи за неправилно поставување и подлизување на пелената. Ете толку од мене на оваа тема и се надевам дека ова ке го сватите само како споделување на едно поинакво мислење а не на убедување, бидејки не е оваа тема каде треба да се правиме паметни туку само практични. Се извинувам доколку повредив нечија суета.
Струмка, јас мислам дека ти не си видела како изгледа пелена ставена на бебе или дете. Топка меѓу нозе може да има само и само ако е преполна, односно цел ден не е променета. А пропуштање и недволно впивање се сосема различни поими како што кажа - пропушта пелената не само кога е лошо наместена, туку и кога веќе нема капацитет за впивање. А кај машките, поради тоа што се практикува курето да се поставува нагоре, и најдобро да е поставена пелената, пак пропушта, поради тоа што течноста се излева нагоре и напред. А ако се земе еден број поголема пелена, пак може да пропушти ако му е курето нагоре, едноставно поради поставеноста на самата пелена. А впивањето зависи од структурата на пелената - ако содржи гел (а содржат сите), впиваат повеќе.